Бугарскиот премиер Бојко Борисов соопштил дека е подготвен да поднесе оставка.
Според зборовите на премиерот, тој, за разлика од претседателот, не може да биде среќен додека гледа антивладини протести.
“Подготвен сум во секој момент да се повлечам. Веќе го правев тоа, и подготвен сум пак да го направам. Не сакам поради мене да дојде до ескалација. Јас не сум Радев да се радувам ако луѓето се тепаат на улици…Ќе продолжам да разговарам со своите коалициони партнери. Ќе им предложам опција која предвидува јас да се повлечам, а Владата да остане”, изјавил Борисов на прес-конференцијата на својата партија “ГЕРБ”.
Потсетуваме, во Бугарија веќе еден месец траат протести, на кои се бара оставка на Владата и главниот обвинител Иван Гешев. Според анкетите, рејтингот на премиерот е речиси два пати понизок од тој на претседателот.
Борисов во 2016-та поднесе оставка, откако кандидатката на “ГЕРБ”, Цецка Цачева изгубила на претседателските избори.