6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Бојко Борисов: За една година влегуваме во чекалната на Еврозоната

Влегувањето на Бугарија во Еврозоната е тема, по која има две мислења. Се зависи од политичката класа и стабилноста на државата. Бугарија не претставува ризик за Европа.

Имаме многу стабилна фискална резерва, во тројката на Европа сме по внатрешен долг и со 0-те дефицити даваме можност за една финансиска стабилност, изјави на дискусијата „Бугарија во еврзоната“, премиерот на Бугарија Бојко Борисов.

– Нашиот валутен борд е стабилен – инфлацијата е 1.4 %. 5-те проценти невработеност не е најважното. А тоа, што го направивме оваа година – да внесеме 22 илјади деца, кои досега не оделе на училиште, да ги внесеме во училиштата е една добра практика. Има и уште многу добри практики, кои можеме да ги развиваме“, коментира Борисов.

Во рамките на месецот ќе добиеме патна карта, ќе ги завршиме тие преговори, знаете, дека има многу стравови во Европа во моментов“, изјави Борисов.

Тој објасни што претставува таа патна карта. По неговите зборови, во картата се објаснува, дека ако тргнеме по патот, ќе го завршиме и во неа има рокови и критериуми.

Денеска колегите од БСП и ДПС демонстрираа, дека сакаме консензус по важните теми за Бугарија, рече Борисов.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -