Бугарскиот премиер Бојко Борисов важи за добар пријател на Македонија, а речиси секогаш во своите обраќања го користи терминот „Браќа Македонци“.
Така и овој пат, во една поинаква ситуација, каде што тој вози автомобил на бугарските автопати и ја слуша одличната преработка на познатата песна „Бела чао“ од Александар и Дац, насловена со името „Корона чао“.
Дури управува со автомобилот видно расположен шефот на бугарската влада ужива во песната и ја преведува на својот совозач. Притоа, на објавеното видео на неговоата официјална страница пишува: Само со заеднички напори, дух и дисциплина ќе се избориме со коронавирусот. Им благодарам на сите бугарски граѓани кои ги почитуваат правилата. Само така ќе се вратиме кон нормалниот живот. Благодарам и на Дац и Александар. Северна Македонија може да смета на нашата поддршка!
Само с общи усилия, дух и дисциплина ще се преборим с коронавируса. Благодаря на всички български граждани, които спазват правилата. Само така ще се върнем към нормалния си живот. Благодаря и на Дац & Александар / Dragan Spasov Dac & Aleksandar Mitevski. Северна Македония може да разчита на нашата подкрепа!
Posted by Boyko Borissov on Saturday, April 25, 2020