fbpx
19.8 C
Skopje

Боки 13 со нов хуман гест: Повторно вдомува, сега скитник!

АКТУЕЛНО

Познатиот македонски шоумен Бојан Јовановски или во јавноста познат како Боки 13 повторно покажа дека има големо среце откако направи нов хуман гест.

Откако претходно вдоми самохрана мајка со нејзиното бебе од Свет Никол во Штип, денес направи слична работа, а во прашање станува бездомник по име Свето кој ќе добие стан.

Боки 13 се огласи на социјалните мрежи и го напиша следново:

Откако вчера ја слушнав приказната за бездомникот кој починал од студ во населбата Аеродром не можам да се смирам… денеска прочитав нова приказна за бездомник кој гладува и се мрзне во населба Карпош, човек на 68 годишна возраст, образован и пристоен, неговото име е Стево!!

Јас одлучив да се погрижам и да помогнам за г-дин Стево да има пристоен живот, да се вдоми во топол дом, да има храна и да го продолжи својот живот достоинствено како што заслужува секој човек! Веќе најдов стан во Скопје со сите потребни услови за живеење и лично ја превземам одговорноста за г-дин Стево во целост, со цело сцое срце ќе се погрижам повеќе никогаш да не биде гладен и смрзнат!
Овакви случаи како г-дин Стево има повеќе јас помогам денеска, помогнете и вие утре, јас ќе се погрижам за г-дин Стево а вие погрижете се за некој друг, особено нека се замислат големите компании кои имаат огромни профити од овој народ, нека направат конкретни хумани дела, ред би било!!!

П.с Ве молам да ме контактираат новинарите кои ја правеа сторијата за г-дин Стево како би го пронасле и сместиле во станот кој е веке обезбеден
За г-дин Стево со полно срце.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -