fbpx
3 C
Skopje

Боки 13 во судница најавува: Снимките од камерите од домот ќе откријат каде завршила Луј Витон чантата

АКТУЕЛНО

На јавната обвинителка не ѝ е првпат да етикетира, но јас живеев за денот кога ќе дојде моментот да можам да зборувам затоа што сум цел на јавен линч од конструиран случај наречен „Рекет’“.

Вака Бојан Јовановски-Боки 13 му се обрати на судот на првиот ден од судењето за случајот „Рекет“ во кој е првообвинет.

Неговото сведоштво понатаму говори дека клопчето околу „Рекет“ допрва ќе се одмотува.

Тој најави дека ќе сведочи за сите инволвирани за, како што рече, организаторот, помагачите и за сето тоа ќе бидат поднесени кривични пријави преку неговиот бранител.

-Доволна беше сензацијата на споменувањето на моето име, иако на јавниот обвинител не му е првпат да етикетира, па тоа го направи и во овие воведни зборови, нарекувајќи ме самонаречена естрадна ѕвезда. Доволна беше сензацијата на моето име и на Катица Јанева за преку овој предмет за пет месеци да се направи јавен линч и загрозување на мојот живот. Воедно, преку овој предмет се водат валкани политички игри кои се ставаат на наши плеќи, а неподготвеноста на обвинителство да нè заштити беше доволно да дојде до сензации и уништување на еден медиум, рече Јовановски.

Тој зборуваше и за ташната „Луј Витон“ посочувајќи дека снимките од камерите од домот на неговите родители ќе откријат каде завршила таа. Ташната јавноста можеше да ја види во снимките кои ги објави италијанскиот весник „ла Верита“ односно како со неа, Јовановски и Милески излегуваат од домот на Орце Камчев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -