fbpx
4 C
Skopje

„Боље педер него Бугар“

АКТУЕЛНО

Јоци: Каде е бранковото крило кое три години тртља по кафани?

И каде е ,,бранковото крило" кое три години тртља по кафани? Лешпери. Бар еден да се пријавеше за ,,уметнички дојам". Не, вие не сакате силно...

Бошковски удри по Мијалков: Плови Саша

Поранешниот министер за внатрешни работи, а сегашен советник во Владата на СДСМ, Љубе Бошкоски во јавноста објави видео од неговите митинзи со порака на...

Есkaлираше ситуацијата на Бит Пазар: Демонстранти со фантомки ја нападнаа полицијата

демонстранти со фантомки со камења и други предмети ја нападнаа полицијата, по што и физички тргнаа кон нив со цел да ги повредат, пренесува...

Фајзер со лоша вест за вакцините: Можно е да има потреба од трета доза на вакцини

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, се надева дека дополнителна, трета доза од оваа вакцина Ковид-19, може дополнително да го зајакне имунолошкиот одговор и...

Така стојат работите мили мои, да не се лажеме и да не си играме драмолетки! Вчера на порталот/блогот/сајтчето/ или и јас немам претстава што е,  glasno.press го видов следниот материјал „Скандалозно кандидатот за градоначалник од дпмне е Бугарин“ (овде) и да ви кажам искрено навистина се скандализирав. За чиј дедов му е на Митко Кожувчанка да поседува бугарски пасош?! Тој „грев“ и е дозволен само на сиромаштијата која трага по корка леб. Тој грев им е дозволен само на децата, кои пред многу години во студентски ме прашуваа: „Абе брат стварно ле ќе треба да ода во бугарска војска, ако си извада пасош?“. Скандалозно е газда да има бугарски пасош нели, драги „колеги“ од Гласно?!

Расчепкајте ги малку тоа главите, зошто дојдовме до ситуацијата да е скандалозно некој да конкурира за бугарско државјанство?! Помислете на таа тема додека на ваков низок начин се обидувате да вршите скриена пропаганда „во корист“ на противкандидатот на господинот Митко Јанчев. Тука е местото да ве потсетам дека токму владата на СДСМ потпиша договор, според кој, во тоа да имаш бугарски пасош или да си Бугарин нема ништо скандалозно.

Проблемот што го начнав во воведниот дел од мојот напис, а имено одговорот на прашањето „За кого (не) е скандалозно да извади бугарски пасош?“, „плаче“ за посебен текст, затоа сега ќе обрнам внимание на еден друг момент.

Каде сме тргнале ние драги пријатели? Ќе одиме во Европа? Со муабети, што меѓу редови значат дека е смртен грев да поседуваш европско државјанство? Со тој ли памет??? Дај бе веќе сменете ги дилерите, Бугарите пратија сателит во отворениот космос, одамна носат поскапи фармерки од нашите и доаѓаат во Делчево за да си купат евтини цигари. Како да не задминаа, а?

Ме заболеа прстите да пишувам речиси на секои два дена  за дебилизмот на антибугаризмот во Македонија. Добро е тоа што на тие писанија гледам како на последни испрдоци на една мината ера и затоа не ме боли главата. Се „ладам“ со вашата лошо прикриена омраза, затоа пишувам за неа и ќе продолжам да пишувам.

„Колегите“ од Glasno сакаат да продадат евтина поента пред вториот круг на локалните избори во Кавадарци. Поентата им е слична по својата небулозност со „бугарските“ летоци во Скопје, што беа разфрлани неколку дена пред одржувањето на локалните избори (за тоа, мојата скромна персона исто така напиша збор-два (овде)). Дали играта со тоа кој каков пасош поседува ќе им донесе некаква дивиденда ќе видиме за десетина дена. Знам само дека си прават лоша услуга, на народот веќе му е преку глава од „бугарски“ фитили, на народот му требаат јасни мерки за подобрување на неговиот живот и ако тие мерки не станат реалност народот ќе го каже својот тежок збор. Тоа веќе го видовме пред неколку дена на 15 октомври.

Премногу очајнички ми делува овој „компромат“. Толкава ли е недовербата кон кандидатот на СДСМ, па морате да му „подадете рака“ со ваква „скандалозна сторија“? Му правите лоша услуга на господинот Китев, а јас пак ви направив реклама, сега ќе имате некој клик повеќе откако вака другарски и „колегијално“ ве искритикував.

За да нема непотребни дилеми, за тоа дали мене Митко Кожувчанка ме платил за овој текст, брзам да напоменам дека јас не сум „крем“ и ретко (речиси никогаш ) се дружам со газди од калибарот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Мојот круг е далеку поскромен. Јас комуницирам со луѓе за кои никој не знае дека имаат бугарски пасоши, бидејќи не се интересни за јавноста и нивното оцрнување не носи политички поени. Токму на тие луѓе баш им е гајле дали Митко Кожувчанка има или нема бугарски „пашапорт“. Можеби ќе се сетите на тие луѓе некогаш. Поздрав од мене.

PS: Само да ги потсетам „колегите“ од Гласно дека мешањето на покојниот татко на господинот „квази патриот со опција бугарски пасош“ во нивната „скандалозна“ сторија се коси со новинарската етика.

Пишува: Батко Тане

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Јоци: Каде е бранковото крило кое три години тртља по кафани?

И каде е ,,бранковото крило" кое три години тртља по кафани? Лешпери. Бар еден да се пријавеше за ,,уметнички дојам". Не, вие не сакате силно...

Автомобил возеше во спротивна насока на скопска обиколница

Често на социјалните мрежи може да се видат видеа од дивеење со автомобили или мотори, а едно такво беше објавено и денеска. На социјалните мрежи...

Бошковски удри по Мијалков: Плови Саша

Поранешниот министер за внатрешни работи, а сегашен советник во Владата на СДСМ, Љубе Бошкоски во јавноста објави видео од неговите митинзи со порака на...

Есkaлираше ситуацијата на Бит Пазар: Демонстранти со фантомки ја нападнаа полицијата

демонстранти со фантомки со камења и други предмети ја нападнаа полицијата, по што и физички тргнаа кон нив со цел да ги повредат, пренесува...

Фајзер со лоша вест за вакцините: Можно е да има потреба од трета доза на вакцини

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, се надева дека дополнителна, трета доза од оваа вакцина Ковид-19, може дополнително да го зајакне имунолошкиот одговор и...
- Advertisement -