Американскиот претседател Доналд Трамп испратил воен брод со 1000 легла, 1200 доктори и дванаесет оперативни сали во Њујорк со цел да се намали притисокот врз болниците и медицинскиот персонал во Њујорк.
Воениот брод „Комфорт“ беше на редовен ремонт кога пристигнала наредбата од Белата куќа тој итно да се оспособи за да би се пружила помош помош на оболените во Њујорк, каде што е епицентарот на епидемијата во САД.
Градоначалникот Бил де Бласио го поздрави пристигнувањето на бродот, кое беше закажано за 18 март.
„Фактот дека морнарицата е тука, дека војската е тука за да му помогне на Њујорк во време кога и треба на нашата земја е многу важно“, рече тој за Си-Ен-Ен додека бродот пловел кон Менхетен.
Трамп рече дека посетата на Воениот пристаниште во Норфолк не е неопходна, но одлучи да излезе од благодарност до воениот тим за ремонт и здравствени работници кои работеа за опремување на бродот „Комфорт“ и го завршија повеќе од една недела пред крајниот рок.
„Јас нема да се гушкам и да се ракувам со луѓето, но ќе испратам јасна порака на благодарност“, рече Трамп.