Жозе Мурињо веќе подолг период е во потрага за засилувања и за наредната сезона. Специјалниот не е задоволен од настапите на поединци од својот тим, иако на Црвените ѓаволи им оди доста добро. Сепак, голема грижа за Јунајтед е бековската позиција на левата страна, а англиските медиуми тврдат дека Португалецот е во потрага по млад фудбалер кој може да ја одработи работатата на таа позиција во наредните години. Во центарот на вниманието е 20. годишниот фудбалер на Еспањол, Аарон Мартин. Претходната сезона тој одигра 30 натпревари во Премиера, ги воодушеви сите со својата зрелост, а Јунајтед подолг период го следи.
Мартин има договор се до 2022. година со Еспањол, а спрема истиот клубот кој сака да го купи може да го стори тоа за само “ситни“ 40 милиони евра. Познато е дека Мурињо не е задоволен од начинот на кој настапуваат досегашните леви бекови во клубот, а тоа се Лук Шо, Блинд и Маркос Рохо, како и Ешли Јанг. Инаку, Мартин се наоѓа на мета и на други големи фудбалски клубови, пред се Барселона и Реал…