7 C
Skopje

БОМБА Заев најавува: Ќе ни се придружат уште најмалку тројца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

АКТУЕЛНО

2748 тестови: Регистрирани 934 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 420, Куманово 35, Дебар 5, Штип 20,...

Седум општини почнуваат со развој на социјални услуги на локално ниво

Министерството за труд и соцјална политика денеска потпиша грантови за развој на социјални услуги со општините Карпош, Берово, Чаир, Липково, Демир Капија, Ново Село,...

Костадинов: 470 милиони рвра изнесува четвртиот пакет антикризни мерки за граѓаните

Ребалансот на Буџетот за 2020 година обезбедува навремена и ефикасна помош за работниците, ранливите категории граѓани, но и за компаниите погодени од коронакризата, изјави...

Според премиерот, ВМРО-ДПМНЕ нема коалициски потенцијал за да може да формира ново мнозинство. Наспроти тоа, најавува дека мнозинството што ја поддржува неговата Влада наскоро ќе стигне барем до 65, а можеби и до 68 пратеници

ВМРО-ДПМНЕ не е во можност да формира ново парламентарно мнозинство, туку мнозинството на СДСМ и на ДУИ наскоро ќе се прошири за три до шест пратеници, најави денеска премиерот Зоран Заев, коментирајќи информации што излегувале од опозицискиот табор за наводни обиди за „рушење“ на Владата во законодавниот дом.

„Со која партија на Албанците и врз која основа, ВМРО-ДПМНЕ би колаицирала за формирање ново мнозинство? Дали тоа би било врз основа на уривање на договорите со Грција и со Бугарија. Која друга партија би го прифатила тоа? Тоа се инфпрмации што се пуштаат наменски да се оттргне внимамнието од дебатата дали треба да се смени раководството на ВМРО-ДПМНЕ по изборниот пораз. Но, ВМРО-ДПМНЕ нема да прави ново мнозинство, туку нашето мнозинство наскоро ќе се пропири за три до шест пратеници“,изјави Заев.

Тој одби да посочи конкретни имиња на пратеници кои би заминале од опозицискиот табор, нагласувајќи дека не сака да му ги расипат разговорите со нив. Сепак, рече дека разговорите се водат врз основа на принципи.

Од Беса вчера најавија можно приклучување на опозициската Алтернатива кон владејачката коалиција. Партијата на Африм Гаши брои моментно четворица пратеници, со што мнозинството би стигнало до 66 гласа.

Деновиве парламентарното мнозинство во кое учествуваат коалицијата на СДСМ, ДУИ и Беса повторно е соочено со предизвик како да се обезбдеди кворум за работа и за одлучување, во ситуација кога двајца пратеници се заразени со ковид-19.

Заев изјави денеска дека, сепак, очекува ребалансот на буџетот да биде донесен до крајот на месецот, затоа што во ноември и во декември треба да се исплаќаат алоцираните средства, со цел надминување на последиците од ковид-кризата.

Тој нагласи дека треба да се обезбедат услови за онлајн работа на парламентот, затоа што сите се потенцијално инфицирани со новиот вирус, така што во битката за справување со епидемијата не смее да се дозволи нефункционалност на институциите.

Заев рече дека не е поборник на воведување вонредна состојба, иако така би се создале услови да се заобиколи Собранието при носењето на одлуките, затоа што владата би можела да донесува уредби со законска сила.

„Не сум поборник за повторно прогласување вонредна состојба, иако тоа нуди поелегантни и поедноставни начини за носење на одлуки. Парламентот, сепак, носител на суверенитертот на граѓаните и носител на законодавната власт и се надевам дека ќе се најде начин за пратениците да може да работат и онлајн во услови на епидемија. Имаме седудесетина ден до крајот на годината, а треба да се донесат значајни одлуки, сега ребалансот на буџетот за 2020 година, а потоа и буџетот за следната година. Треба да се обединиме околу големите прашања, а тука сега спаѓа и справувањето со ковид-кризата“,изјави Заев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

2748 тестови: Регистрирани 934 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 420, Куманово 35, Дебар 5, Штип 20,...

Регистирани 33 деца позитивни на коронавирусот: Состојбата во градинките е под контрола

Од отворањето на градинките на 9 септември до денеска регистрирани се вкупно 33 деца позитивни на корона-вирусот и 109 вработени. Во моментов во изолација...

Османи: Се надевам дека следната недела ќе седнеме да разговараме со Захариева

Се надевам дека следната недела ќе се обезбеди формат да седнеме и да разговараме со министерката Екатерина Захариева, бидејќи навистина се ближат деновите кога...

Седум општини почнуваат со развој на социјални услуги на локално ниво

Министерството за труд и соцјална политика денеска потпиша грантови за развој на социјални услуги со општините Карпош, Берово, Чаир, Липково, Демир Капија, Ново Село,...
- Advertisement -