fbpx
3 C
Skopje

Борисов оди да разговара со Трамп – темата ќе ве воодушеви

АКТУЕЛНО

Бугарскиот премиер Бојко Борисов е во официјална посета на САД, каде денеска ќе има средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Во Белата куќа тие ќе разговараат за стретешките односи меѓу двете земји и развојот на билатералните односи.

Во фокусот на разговорите се очекува да бидат ставени на начините за зајакнување на напорите во областа на безбедноста, во контекст на НАТО и ангажманот на официјална Софија за зголемување на буџетот за одбраната.

Се очекува Борисов и Трамп да разговараат за енергетската диверзификација, изградбата на „Турски поток“, како и терминал за добивање американски течен гас.

На средбата ќе стане збор и за влијаниуето на Русија во Бугарија, а се очекува американскиот претседател да ја наметне и темата – корупција. Посетата на бугарскиот премиер е прва средба меѓу него и Трамп во четири очи.

Средбата на американскиот претседател со бугарскиот премиер е дел од серијата разговори со лидерите од централна Европа, а досега Трамп имаше средба со колегите од Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Австрија и Романија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -