fbpx
12 C
Skopje

Брачен пар убиле пензионер во Прилеп?

АКТУЕЛНО

Според привичната истрага на МВР во Прилеп, брачен пар од овој град е осомничен за убиството на пензионерот Видан Маркоски (65).

Тој завчера беше пронајден мртов, со повеќе убоди од нож, во стан каде Маркоски живеел како кираџија, а истиот се наоѓа во центарот на градот.

Брачниот пар С.М. (32) и В.М. (33) најверојатно му барале пари на Маркоски, а откако тој ги одбил, најверојатно тие му нанеле повреди со нож.

Сопружниците биле свесни дека Видан има големи приходи, затоа што добивал американска пензија. Инаку, брачниот пар има две малолетни деца.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -