fbpx
21.8 C
Skopje

Браќата Карабатиќ добија условна затворска казна

АКТУЕЛНО

Никола и Лука Карабатиќ ја дознаа пресудата на Судот во Монпелје, каде беа осудени на казна затвор во траење од два месеци, а Никола мора да плати и казна затвор од 10.000 евра, бидејќи беше прогласен за виновен за местење на резултатот и обложување на истиот.

Станува збор за натпреварот кој се одигра во 2012 година помеѓу Монпелје и Сесон-Рен. Карабатиќ беше дел од тимот на Монпелје, кој уште од порано ја имаше обезбедено титулата, што пак им овозможни опуштање во остатокот од сезоната.

Сесон-Рен се бореше за опстанок, па замина со победа од 28:31, што во обложувалниците имаше коефициент од 45. Браќата Карабатиќ и уште 14 други лица ја искорисиле оваа квота и на неа вкупно заработиле околу 300.000 евра.

Организаторите на целата афера, Никола Жиле и Младен Боиновиќ се казнети со по четири месеци затвор и 40.000 евра односно 20.000 евра.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -