fbpx
13.8 C
Skopje

Бранко Црвенковски: Името на мојата земја е Република Македонија и ќе биде Република Македонија! (ВИДЕО)

АКТУЕЛНО

Интересно видео во кое зборува екс претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски кружи на социјалните мрежи. Имено, станува збор за говор на некогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски во ООН каде што вели:

На крајот, со или без вашите процедурални забелешки, името на мојата земја е Република Македонија и ќе биде Република Македонија, вели Црвенковски. Во друга негова изјава за спорот за името тој вели: Се надевам дека на крајот дека ќе имаме ситуација да го сочуваме нашето уставно име и да ја добиеме поканата за НАТО.

За разлика од тогаш, Црвенковски не е активен на политичката сцена, а молчи и за решението кое го донесе неговата политичка партија предводена од неговиот наследник Зоран Заев. Дали екс лидерот на СДСМ ќе излезе со јавна поддршка за прифаќање на договорот за името со конечна цел влез во европските институции, ЕУ и НАТО, останува да видиме.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -