2.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

„Брат брата не рани, тешко кој го нема.“ Секој кој има брат или сестра, знае колку вистина и мудрост има во овие зборови.

Прочитајте ја оваа убава приказна за моќта на братската љубов и спомнете си дека ако имате брат или сестра, вие сте неверојатни среќници.

Чувајте ја оваа љубов и не дозволувајте таа да се сруши поради имот, семејни спорови или ситни сметки.

Двајца браќа работеле заедно во семејната фарма. Едниот бил женет и имал многу деца. Другиот бил сам. На крајот на денот двајцата браќа сè си делеле подеднакво – профитот и плодовите на заедничкиот труд.

Еден ден осамениот брат си помислил:
– Не е фер да делиме сè подеднакво. Јас сум сам и немам потреба од којзнае што.

Затоа почнал секоја вечер да зема по една вреќа брашно од својот куп, и тајно во нивaта меѓу нивните домови, да ја фрла на братовиот куп.

Во истото време семејниот брат си мислел: „Не е фер да делиме сè подеднакво. На крајот на краиштата јас имам семејство, имам жена и деца кои ќе ме гледаат на старост.“

Затоа и тој секоја ноќ земал по една вреќа жито од кај него и ја фрлал на братовиот куп.

Секоја година двајцата браќа многу се чуделе зошто нивните резерви од жито не се намалуваат. И тогаш, една темна ноќ, двајцата браќа се сретнале еден со друг. И така разбрале што правеле толку време. Ги пуштиле вреќите и силно се прегрнале…

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави