fbpx
18.8 C
Skopje

Брат Љубе се степал во Крушево со непознат кој го пцуел и нарекувал „предавник“

АКТУЕЛНО

Очевидец на Твитер тврди дека вчера во Крушево за време на празнувањето на Илинденското востание се случил инцидент во кој бил инволвиран советникот за инвестиции на премиерот Зоран Заев, Љубе Бошковски, а веста ја пренесува Експрес.

“И на крај, на одење, пред хотел Монтана, брат Љубе се степа со еден. Човекот беше во кола и пцуеше по брат Љубе, му викаше предавник. Љубе се поврати, му појде на прозор да се кара, викање, влечење, си удрија по 3-4 тупаници”, пишува сведокот на Твитер и го прашува министерот за внатрешни Оливер Спасовски дали ќе има кривична за Бошковски.

Посетителите на Мечкин Камен вчера беа невообичаено агресивни и ја нападнаа владината делегација, а имаше и навредливи извици и скандирања додека се положуваа венците.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -