fbpx
23.8 C
Skopje

Бразил го објави списокот со фудбалери за Мундијалот во Русија

АКТУЕЛНО

Селекторот на бразилската репрезентација, Аденор Леонардо Бачи познат во фудбалската јавност како Тите, го објави списокот од 23 фудбалери за настап на Светското првенство во Русија.

На списокот очекувано го нема повредениот Дани Алвеш, а Тите за Мундијалот ќе смета на следните играчи.

Голмани: Алисон, Едерсон и Касио

Одбрана: Миранда, Маркињос, Тијаго Силва, Марсело, Филипе Луис, Фагнер, Педро Жеромел и Данило.

Среден ред: Касемиро, Фернандињо, Паулињо, Ренато Аугусто, Филипе Кутињо, Вилијан и Фред.

Напад: Габриел Жесус, Фирмино, Даглас Коста, Таисон и Нејмар.

Бразил се наоѓа во групата Е заедно со Србија, Швајцарија и Костарика, а првиот натпревар ќе го играат на 17 јуни против Швајцарците.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -