fbpx
6.8 C
Skopje

Британската премиерка најави предвремени парламентарни избори на 8. јуни

АКТУЕЛНО

Британската премиерка Тереза Меј најави дека ќе побара 8. јуни да се одржат предвремени парламентарни избори.

Во изјава за британските медиуми, Меј рече дека се одлучила за едно вакво решение поради желбата да се обезбеди „цврст мандат за Владата, пред интензивирањето на преговорите со ЕУ за напуштање на Унијата“, како и за да ги подобри позициите на Владата во британскиот Парламент.
Досегашните анкети и мерења на рејтингот покажуваат блага предност на конзервативците на Меј  пред лабуристие и другите опозициски партии.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -