fbpx
1 C
Skopje

Британскиот парламент „дувло“ на пороците

АКТУЕЛНО

Амбасадорката Брнс: Разочарани сме од ветото на Бугарија, Северна Македонија беше подготвена

Разочарани сме од ветото на Бугарија од повеќе причини, прво затоа што веруваме дека Северна Македонија беше подготвена да го започне процесот на отворање...

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Од Вилијам Пит до Винстон Черчил, највидните премиери на Велика Британија достигнаа до величие во палатата Вестминстер што ја зацврсти репутацијата на британскиот Парламент на еден од најпочитуваните во светот. Но оваа приказна почната пред од девет века, со наметнати традиции и култура, сега е предмет на критики – на концентрација на моќ во рацете на пратениците, кои можат да ги изградат или уништат кариерите на своите помошници, партиски активисти и симпатизери.

Оставката на министерот за одбрана, кој призна дека ги допирал колената на радио водител во 2002 година, како и серијата од обвиненија против членови на парламентот за вонбрачни афери и сексуални напади доведоа до повици за промена.

Парламентот е “стара и позната” институција, вели Брендон Чилтон, активист на Лабуристичката партија и генерален секретар на “лабуристите за напуштање”, проБрекзит групата во парламентот.
“Но, во последниве години таа институција стана дувло на порочноста. Сите ние треба да се обидеме повторно да го направиме Парламентот повторно место за пример “.

Богато украсената палата Вестминстер на брегот на Темза во центарот на Лондон е дом на горниот и долниот дом на парламентот и е сметана од историчарите за едно од родните места на современата демократија.

Тврдењата за британски политичари, од кои многу неосновани, сепак излегоа на површина откако обвиненијата за сексуални напади против холивудскиот продуцент Харви Ванстин, ги натераа жени и мажи во британската политика да споделат приказни за недостојно однесување на политичарите.

Мајкл Фалон во средата поднесе оставка поради еден негов потег во минатото, за кој призна дека “не ги исполнува високите критериуми што ги бараат вооружените сили”.

Салата на палатата Вестминстер, нејзините раскошни кафулиња и лавиринти од ходници со потретите на одамна починати политичари и премиери можат да инспирираат и да вознемируваат со еднаква мерка.

 

Обвиненијата го претставуваат парламентот како место каде кариерата на аналитичарите, слушателите и помошниците можат да се решат од член на парламентот или министерот за кого работат, и укажуваат на присуството на познат страв за нивната иднина, ако ги откажат сексуалните покани.

Многу жени пратеници ја поздравија можноста да споделат свои искуства, некои од кои се премолчуваат со години од страв од репресивни мерки, критиките на колеги или вработени и заради компромитирање на самите партии.

Скандалите со британските политичари не се нешто непознато. Аферата Профемо, која вклучуваше секс, советски шпион и воен министер, доведе до пад на конзервативната влада во 1963 година.

Дваесет години подоцна, конзервативецот Сесил Паркинсон поднесе оставка како министер за трговија и индустрија заради љубовна врска со неговиот секретар.

Сепак, Фалсон изјави за BBC дека она што било “прифатливо пред 15 години, сега е неприфатливо”.

Владата презема мерки за справување со сексуалното вознемирување, вклучувајќи и мерки за воспоставување на кодекс на однесување и воспоставување на независна постапка за жалби. Критичарите, сепак, велат дека нееднаквоста меѓу пратениците и вработените ќе остане.

Пишува: Елизабет Пејпер, Ројтерс

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Германија воведе нови построги правила за влез

За земјите со особено голем број инфекции, меѓу кои е и нашата, или со опасни мутации – од недела важат построги правила за влез...

Несекојдневна сообракајka во Скопје: Велпсипедист преазил пешаk, па избегал

Во текот на вчерашниот ден во 14: 10 часот во Скопје на улица „50-та Дивизија“ велосипед управуван од засега непознато лице кое го напуштило...

Кои хороскопски знаци се најкомпатибилни?

Одредени карактеристики од хороскопските знаци ни кажуваат на кој начин ќе функционираат два знаци во една врска па затоа тие можат да бидат корисни...

Зeмјотрес во Aлбанија, почувствуван и во југозападниот дел на Македонија

Земјотрес со јачина од 3,1 степен, се случи попладнево во Албанија. Земјотресот се случил во 14:08 часот по локално време, а бил почувствуван и...

Сeстратa нa Тоше 14 години прави една иста работа на овој ден од овој детаљ на роденденската торта ќе ви надојдат солзи (Фoто)

Да беше жив денеска најголемата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески ќе наполнеше 40 години. Како и секоја година ова е еден од двата најтажни денови...
- Advertisement -