fbpx
-6 C
Skopje

Брнс: нашето партнерство ќе биде подлабоко, и заедно ќе можеме да градиме нови можности за да помогнеме да ги реализирате вашите аспирации за силна, динамична и отпорна иднина

АКТУЕЛНО

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Ограничувањата во секојденвниот живот, посочува Брнс во писмото, мене ми дадоа можност да научам нови работи, нови начини на комуникација и поврзување во време на социјално дистанцирање.

– Ни недостасува можноста да се среќаваме во живо. Наместо тоа, тимот во Амбасадата учи да работи од далечина, употребувајќи видео-конференциски врски за состаноци, со цел да ги задржиме нашите контакти и да продолжиме да создаваме нови. Ова не беа лесни промени за кој било од нас, но сите ја разбираме потребата за заедничка пожртвуваност за да ги заштитиме најранливите и да ја израмниме кривата, нагласува американската амбасадорка.

Заедно со други пријатели и сојузници, САД го даваат својот придонес за да и помогнат на Владата овде за справуавње со оваа без преседан криза.

– Минатата недела имав задоволство да најавам грантови во вредност од 1,1 милион долари за Светската здравствена организација и за УНИЦЕФ, за борба против Ковид-19 во Северна Македонија. Овие фондови ќе се искористат да им се помогне на државните лаборатории за масовно тестирање, за обука и опремување на тимови за брза интервенција за истражување на позитивните случаи и за спроведување на анкети за следење на контактите, за помош за спроведување на скрининг на граничните премини, и за јакнење на комуникацијата со маргинализираните заедници кои би биле најранливи во случај на масовно ширење на заразата, вели во писмото Брнс.

Помошта, посочува таа, не доаѓа само од американската влада, туку и од американските невладини организации, приватните фондации и универзитетите се некои од најголемите помагачи во светот, а оваа криза не е исклучок.

– На пример, Универзитетот Браун и Проектот ХОПЕ неодамна завршија со онлајн обука против КОВИД-19 за 40 лекари и медицински персонал од Северна Македонија. Овие медицински лица го пренесуваат тоа што го научиле и обучуваат други низ целата земја, помагајќи да се зголеми знаењето и вештините на здравствените работници кои се на првите линии на справувањето со болеста, вели американската амбасадорка Брнс.

Приватниот сектор,  исто така е вклучен во справувањето со предизвикот, со компании од целата земја кои даваат сопствен придонес за спраување со пандемијата.

– Многу донираа парични средства или заштитна опрема и производи, направија промени во производствените линии или пак ги замрзнаа цените. Некои, како Гугл или Епл, се согласија да го забрзаат процесот на вклучување на корона апликациите. Други компании, како КФЦ, се фокусираа на здравјето на лицата кои се прив на удар, како службите за итна помош, на лекарите и медицинскиот персонал, донирајќи здрава храна и оброци, посочува во отвореното писмо американската амбасадорка.

За среќа, додава таа, нашиот ангажман не е ништо ново и е граден повеќе од две децении прекy американски инвестиции и поддршка за здравствените системи и системите за управување со кризи во Северна Македонија.

– За ова време имаме обезбедено над 11 милиони американски долари за здравствениот сектор, дел од вкупната помош од над 730 милиони американски долари. Овде спаѓа и финансиската помош за реновирањето на националната лабораторија, која сега ги обработува повеќето тестови за Ковид-19, вели Брнс.

Според неа, претстои многу работа откако ќе заврши овааа закана и во тоа САД ќе останат наш постојан партнер.

– Мојот тим и јас веќе размислуваме за она што ќе следи и како да помагаме за работите да се вратат во нормала. Среде оваа криза, вашата земја официјално се приклучи кон НАТО и доби покана да ги започне преговорите за членство во Европската унија, две достигнувања за кои работевте со децении. Уверена сум дека од ова искуство ќе излеземе посилни, нашето партнерство ќе биде подлабоко, и заедно ќе можеме да градиме нови можности за да помогнеме да ги реализирате вашите аспирации за силна, динамична и отпорна иднина, стои во отвореното писмо на американската амбасадорка Брнс.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Најново: Во Грција ќе можат да влезат и неваkцинираните

Прочитај во продолжение Во никој случај нема да биде услов за некој да влезе во Грција, да мора претходно да прими вакцина, потенцираше министерот за...

Ви излезе жицата од градниkот – немојте да ја фрлате, секоја жена треба да го знае овој трик

Ако носите градници со жица, сигурно некогаш сте биле негрвозни откако жицата ќе ви излезе од градникот. Иако некои дами често таа жица веднаш ја...

Променила само една навиkа и ослабела 20 килограми: Дру Баримор открила како ја довела линијата до совршенство

На 45 години може да се пофали со совршена фигура, но патот до совршена линија не бил воопшто лесен, како што признава и самата. „Како...

Северина во чест на новиот претседател на САД: Слиkи кои kренаа голема прашина

Од денес САД имаат нов претседател – Џо Бајден. Последниот ден на Доналд и Меланија Трамп во Белата куќа истече и сега во неа...

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...
- Advertisement -