fbpx
11.8 C
Skopje

Буфон доби официјална понуда, два клуба во игра за негов потпис

АКТУЕЛНО

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон минатиот викенд го одигра последниот натпревар во дресот на Јувентус.

Овој 40-годишен голман одлучи поле 17 години да ја напушти Старата дама, но сега е јасно дека нема да ја заврши својата кариера. Во последно време доста се шпекулира за тоа каде Буфон би можел да ја продолжи својата кариера, а наводно во игра останале уште два клуба. Како што пишува италијански Скај Спорт интерес за Буфон покажале ПСЖ и Вест Хем. Иако сопственикот на Парижаните потврди дека не го сака искусниот голман денеска се појави информација дека токму ПСЖ е првиот клуб кој му понудил соработка на Буфон.

ПСЖ му понудиле на Буфон договор за две години спрема кој тој годишно би заработувал осум милиони евра. Исто така, во договорот би постоела и клаузула спрема која искусниот италијански голман може да го напушти ПСЖ после една сезона. Сепак, од ПСЖ јасно ставиле до знаење дека покрај Ареола тој не би бил прв избор за голман. Доколку Буфон прифати таков договор во новиот клуб ќе има дури дупла заработувачка. Скај Спортс додава дека оваа соработка би требала да биде официјализирана до крајот на неделата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -