fbpx
23.8 C
Skopje

Бугарија го назначи Орце Камчев за почесен конзул во Македонија, се чека одобрение од Владата

АКТУЕЛНО

Бугарија го назначи бизнисменот Орце Камчев за почесен конзул во Македонија и барањето за егзекватура е стигнато во македонското Министерство за надворешни работи, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од МНР.

Според процедурата, барањето се разгледува во МНР, потоа се бараат мислења од Министерството за финансии и Секретаријатот за законодавство при Владата. Кога ќе се комплетира документацијата, министерот за надворешни работи го предлага кандидатот на странската земја до Владата и ако тој или таа добие одобрение, министерот за надворешни му издава егзекватура, што е слично со агреман за амбасадорите.

Камчев, кој од реномираниот економски магазин Форбс беше прогласен за најбогат Македонец, на 29 август 2016 година беше на распит во Специјалното јавно обвинителство.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -