fbpx
23.8 C
Skopje

Бугарите со план „Б“ за европска иднина на Македонија: Бидете ни лојални и ќе добиете бугарски пасоши!

АКТУЕЛНО

„План “Б” за стотици илјади граѓани на Република Македонија ќе биде добивањето на бугарско државјанство врз основ на бугарско потекло, бугарска етничка припадност и како Бугари наследници на Бугари! Се разбира и врз основ на лојалност кон Бугарија, ако истите не ја признаваат бугарската историја нема да добијат државјанство.

Влезот во НАТО и ЕУ зa мометов се одлага!

Ова не значи дека ќе останеме рамнодушни ако манипулациите со историјата и иживувањето со нашите бугарски револуционери, преродбеници и настани продолжи!

Штета е кога има луѓе кои се против нешто, но не нудат алтернатива и не кажуваат како ќе го постигнат тоа. На ДПМНЕ не им се допаѓаат договорот со Грција, и договорот со Бугарија, но што е она што тие го нудат? Да нема договори со Грција и Бугарија и продолжување со фантастичните “историски” приказни од антиката до денешен ден?

Очигледно емоциите го достигнаа својот врв! Нашата раширена рака останува! Најдобро за сите во регионот е европската интеграција“- напиша на својот facebook профил европратеникот од ГЕРБ и ЕНП Андреј Ковачев, во врска со резултатите од референдумот што се одржа вчера во нашата земја.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -