17.1 C
Skopje

Бугарската академија на науките: Не постои македонски јазик

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

United Group, сопственикот на Тотал ТВ, го презеде бугарскиот Vivacom

United Group, водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, во чиј состав во Македонија функционира Тотал ТВ, денес го објави завршувањето на...

По вчерашнатаСо тврдењата дека постои македонски јазик се нарушуваат односите меѓу двете земји, оценуваат бугарските академици испровоцирани од Повелбата на Македонската академија на наука и уметност од 3 декември.

Тамошната научна академија- БАН попладнево усвои став сличен на оној на државниот врв во Софија искажан во декларацијата од октомври годинава, дека македонскиот јазик е наречје на бугарскиот, а придружните документи содржат и серија квалификации и навреди за македонскиот јазик.

БАН признава дека денешниот став е директна реакција на донесената Повелба за македонскиот јазик од страна на МАНУ. седница во Софија, Бугарската академија на науките се огласи со став дека македонскиот јазик не постои и оти тој е „писмено-регионална норма“ на бугарскиот јазик. Македонската позиција е лажна, велат од БАН, пренесува DW.

„Документот (на МАНУ, н.з.) предизвика многу сериозни научни забелешки“, се наведува во соопштението на бугарската академија.

Македонската позиција е лажна

Собранието на МАНУ на 3 декември усвои Повелба за македонскиот јазик во која ги изнесува научно признатите факти за македонскиот јазик. Повелбата, како што соопшти МАНУ, ги зацврстува ставовите на Академијата за потребата од засилена и континуирана поддршка на научните истражувања на македонскиот јазик и македонските дијалекти, водејќи се од строго научни начела.

БАН побарала одвоени мислења на оваа тема од три институции: Институтот за бугарски јазик, Кирило-методиевскиот научен центар и од Инстиутот за историски истражувања; а нивните ставови биле поткрепени и од индивидуалните позиции на академиците на БАН.

Бугарските академици сметаат дека „македонската позиција е лажна и неприфатлива и ги нарушува односите меѓу двете соседни држави“.

Од трите консултирани институции од страна на БАН, јавно достапен е документот на бугарскиот Институт за историски истражувања. Во него се користи синтагмата „ткн. македонски јазик“ и се наведуваат цитати на Јоаким Крчовски, Кирил Пејчинович и Кузман Шапкарев од кои произлегува дека јазикот кој се зборува на територијата на Северна Македонија е бугарски.

Ставовите на БАН се на линија со оние на шефицата на дипломатијата Захариева и премиерот Борисов.

Целата содржина на ДВ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -