БСП остро го критикува предвиденото зголемување на парламентарната плата за 90 лева. Таа, исто така се однесува на членови на високи моќни позиции од власта и претседатели на комсии. Зголемувањето се јавува на сметка на нови даноци, сиромаштија и нееднаквости. “Во овој момент, уште еднаш, да си ја зголемиш платата е неправедно и неморално“, рече лидерот на бугарската опозиција Корнелиа Нинова.
Пред медиумите претседателката на БСП Нинова ја претстави позицијата на својата партија, а таа е платата на пратениците да биде намалена со 18 % или 543 лева.
Нинова нагласи дека нејзината партија во рамките на овој парламент предлага два пати да не се зголемуваат платите на пратениците и тоа било отфрлено.
БСП предлага 2796 лева да биде износот на платата за пратениците.