fbpx
13.8 C
Skopje

Бугарскиот европратеник д-р Андреј Ковачев ја праша ЕК за недостигот на лекови поради реекспорт

АКТУЕЛНО

Бугарскиот европратеник од ГЕРБ д-р Андреј Ковачев испрати прашање до Европската комисија во врска со недостигот на лекови поради реекспорт.

Во првите денови во 2018. г медицински организации во Бугарија сигнализираа, дека околу 60 % од внесените во државата лекови се реекспортираат на други европски пазари.

Следствено на тоа, за многу пациенти, кои имаат потреба од неодложно лекување за нивните болести, е тешко, понекогаш дури невозможно, да си ги набават неопходните лекови. Во својот одговор ЕК посочува дека е составен прашалник за мерките на државите членки со оглед на редовните достави на лекови.

Комисијата ќе организира експертна средба за забелешките и примена на добри практики, за да се гарантира навремена достава меѓу државите членки.

Лекарствата се основен столб на чувањето на своето здравје, а не просто трговска стока. Интересите на пациентите треба да бидат на прво место, вели Ковачев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -