2.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Бугарскиот претседател се сретна со Пендаровски и Џафери: Потребни сме си едни на други

Бугарскиот претседател Румен Радев, кој денеска се сретна со новиот македонски претседател Стево Пендаровски и со спикерот на парламентот Талат Џафери, изјави дека односите меѓу двете земји се одлични.

Потребни сме си едни на други затоа што проблемите ни се заеднички, не се изолирани. Се разбира, покрај институционалната соработка, најбитно е инфраструктурното поврзување и затоа е потребно да се забрза железничкото поврзување меѓу двете земји, како единствени на Балканот што не се поврзани на тој начин, и се разбира Коридорот 8 – рече Радев.

Тој ги понуди сите расположливи ресурси за што е можна подобра соработка во сите полиња, пред се во насока на пристапувањето кон ЕУ.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави