5.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Избори во Италија: Води „Пет ѕвезди“, никој нема мнозинство

Движењето „Пет ѕвезди“ освои најмногу гласови на парламентарните избори во Италија, но недоволно за сами да формираат влада, покажуваат прелиминарните резултати.

Движењето „Пет ѕвезди“, на Луиџи ди Мајо (31), според првите проекции, освои 33,1 отсто гласови на Сенатот и 34,1 процент за Домот на пратеници.

Според истите податоци, на второ место е Демократската партија, предводена од поранешниот премиер Матео Ренци,  со 18,7 отсто за Сенат и 18,1 отсто за Домот на пратеници.

Следни се коалициските партнери – десничарската и евроскептична Лига за Северот на Матео Салвини (44) и партијата „Форца Италија“ на Силвио Берлускони  со 17,3 отсто и 14,1 процент за Горниот дом, односно 15,8 и 13,0 отсто за Долниот дом на Парламентот.

Тие две партии, заедно со нивните помали коалициски партнери, според истите проекции, освоија најмногу гласови за двата парламентарни дома (36,6 отсто, односно 34,8 отсто), но тие немаат доволно гласови за сами да формираат влада. 

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -