fbpx
18.7 C
Skopje

Челси краде трансферна цел на Јуве во последен момент

АКТУЕЛНО

Данило е пред пристигнување на “Стемфорд Бриџ“

Англискиот шампион Челси е на пат да го купи одбранбениот играч на Реал Мадрид Данило пред носот на Јувентус, пишуваат англиските медиуми.

Јувентус се сметаше за фаворит за потписот на десниот дефанзивец, кој е замена за Дани Алвеш. Се претпоставуваше дека договорот ќе изнесува сума од 20 милиони евра, но од Стемфорд се подготвени да платат повеќе за Данило.

Не е исклучено Челси да го сака бразилецот поради Алекс Сандро. Двајцата се многу добри пријатели и привлекувањето на фудбалерот може да го принуди Јуве да го продаде еден од најважните играчи на сините од Лондон.

Данило беше купен од Реал во текот на 2015 година од Порто. Тогаш шпанците платија 31,5 милиони евра за играчот. Во текот на минатата сезона тој изигра 17 натпревари во Примиера дивисон

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -