fbpx
28.8 C
Skopje

Червар: Имаме аргументи да бидеме задоволни од прикажаното

АКТУЕЛНО

Селекторот на сениорската ракометна репрезентација на Македонија, по поразот од Норвешка изјави дека е задоволен од впечатокот на нашата репрезентација на Светското првенство во Франција. Денес Македонија беше елиминирана од Норвешка со резултат од 34:24.

“Знаев и пред мечот дека денес ќе ни биде тешко, но во првиот дел, иако игравме без двајца клучни ракометари игравме многу добро. Нашата одбрана 5-1 беше одлична и Норвежани имаа проблем. Додека имаше борба, во првиот дел тие во ништо не беа подобри од нас. Промашивме шест зицери и тука го загубивме натпреварот. Но, во вториот дел бевме уморни и немавме шанси против одличната, фер и коректна Норвешка. Имаа многу солуции против сите наши одбрани и морам да кажам дека Норвешка ја заслужи оваа победа. Моето искуство за цело првенство е позитивно. Никого не победивме во Полска, скоро никого во Гдањск на олимписките квалификации. Сега игравме рамноправно скоро со сите, но можеби малку во главите се предадовме на денешниот натпревар со Норвешка. Имаме аргументи да бидеме задоволни на одиграниот турнир. Добивме многу со тоа што младите ракометари играа, а не ја грееја клупа. Штета што го немавме Кузмановски, ќе ни помогнеше многу на овој турнир. Репрезентацијата не е затворен круг и секој може да добие шанса. Покажавме и дека не се предаваме и неколку пати се враќавме во натпревари. Општ впечаток е дека седум на шест ние најдобро играме од сите селекции. Верувам дека ќе играме во Хрватска во следната година и дека овие момчиња ќе бидат уште подобри“, изјави селекторот Лино Червар по средбата со Норвешка.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -