fbpx
28.8 C
Skopje

Честитка од Џафери по повод Рамазан Бајрам

АКТУЕЛНО

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери упати честитка по повод празникот Рамазан Бајрам.

– Дозволете ми во мое име и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија, на Исламската верска заедница и на сите муслимански верници да им пренесам срдечни честитки за празникот Фитер Бајрам, стои во честитката.

– Се надевам, се додава, дека во текот на овој свет месец се прифатени постот, молитвите и пожртвуваноста и ова ќе послужи како мост на поврзување за пренесување на човечките и моралните вредности кај младите поколенија. Посакувам овој благословен ден Бајрам да не најде сплотени во хармонија, мир и меѓусебно разбирање и да не прави да го гледаме светот со очите на послабите и посиромашните, се наведува во честитката во која се посакува среќа и мир.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -