fbpx
21.8 C
Skopje

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод 1 Мај

АКТУЕЛНО

ВМРО-ДПМНЕ и понатаму останува посветено на зголемување на работничките права, отворањето нови работни места, зголемувањето на платите, подобрата здравствена и социјална заштита и повисокиот стандард на работниците, се наведува во честиката на ВМРО-ДПМНЕ упатена до сите граѓани на Република Македонија по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 мај.

ВМРО-ДПМНЕ, се додава, презема мерки за полесно вработување на сите категории на граѓани и обезбедување на нивна социјална сигурност, пред се на младите, лицата од социјален ризик, самохраните родители, лицата со хендикеп, невработените лица во поодмината возраст итн. Тоа го правиме преку директна поддршка со кредитирање или бенефиции за нивно вработување.

„Во изминатите години посветено работевме на заштитата на работничките права, воведен е концептот на бруто плата, со што се овозможува интегрирана исплата на плати и придонеси од задолжително социјално осигурување. Со помош на овие политиките на ВМРО-ДПМНЕ континуирано се намалува невработеноста која од рекордните највисоки 39 проценти во 2006-та сега е на рекордно ниски 23,7 отсто. За првпат се донесе Закон за минимална плата, а истата во наредниот период континуирано ќе се зголемува. Се зголемија платите и се воведе задолжителна исплата на регрес за годишен одмор, познат како К-15“, посочуваат од партијата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -