fbpx
13.8 C
Skopje

Четиринаесет

АКТУЕЛНО

Многу добро се сеќавам колкав бум беше кога на четврти јули 2004 година во јавноста одекна веста дека е формирана ВМРО-Народна партија. Покрај оние меинстрим вести за Денот на независноста на Соединетите Американски држави оваа беше (и е) посебно врежана во потсвеста на многу вмровци особено во тоа време кога на внатрепартискиот судир во ВМРО-ДПМНЕ помеѓу идеолошката и онаа другата, несфатената де групација му доаѓаше крај, односно со повлекувањето на тогашниот лидер Љубчо Георгиевски.

 

Со судирот во партијата многу работи останаа не доискажани, многу работи пак се отворија па несомнено беше идеолошката групација да бара погодно тло за продолжување на мисијата од 1990 и концептот ВМРО како осснова на таа мисија која кулминираше и со прогласувањето на независноста на Македонија, но и со 1998 година кога за прв пат ВМРО ја превзема власта и прави историски пресврт во функционирањето на државата, особено од економски апсект и почитувањата на човековите права. Но за тоа во друга прилика.

Денеска, после победите, поразите, после бројните предавства, но и бројните митинзи, конференции, искажани зборови, ветувања, кои кај некого допреле кај некого не, тоа е слободно право, после промените, турбуленциите кои како континуитет не следат излегуваме односно издржуваме со многу научени лекции и со енергија еднаква на онаа која ја имале нашите претходници од почетокот на новата ера во Македонската политика па се до денеска. Големата победа не се врзува за ниедна власт, за никаков глас, туку за човечниот однос кој го градевме и го градиме целото ова време, без разлика на тоа колку ножеви сме примиле. И после секоја победа и пораз остануваме ние, кои создававме и ние кои сега иницираме промени, за подобро утре на сите. Па така со чист образ можам утре да дигнам глава и ако ништо друго барем да направам два три збора муабет со секого, без разлика дали е Македонец, Албанец, Турчин или Ром, Србин или Американец.

Во овие четиринаесет години ако ништо друго добивме идеолошка поткрепа и одговор на сите неодговорени прашања до сега, научивме како да го подигнеме гласот во однос на проблемите со кои се соочуваме секојдневно, но и да иницираме решенија без разлика дали се прифатени или не. Голема среќа и задоволство од немерливи количини е досегашното и понатамошното присуство на две клучни личности од политичкиот живот во ВМРО-Народна партија, а тоа се таткото на модерното ВМРО и модерната Македонска држава и нација, лидерот Љубчо Георгиевски и Генералниот секретар Љупчо Балкоски. Таа нивна енергија вивна немерлив број на млади кои во потрага по одговори тргнаа од ВМРО-НП па стнуваа, министри, советници, пратеници, не навлегувајќи во тоа на кој и каков начин. И после се тие се пак тука, да пренесуваат позитивна и работна енергија, преку идеолошките принципи, да иницираат и помагаат на нас младите кои утре и те како ќе ни значи нивното знаење и предадените на нас вештини за раководење со секаков вид на организација, особено со човековите меѓусебни односи. Јас првенствено како човек а потоа функционер во ВМРО-Народна партија сум безмерно благодарен, а докажувајќи го тоа со мојата лојалност и почит но и работа во и за организацијата сакам да ги охрабрам да продолжат со машинеријата (колкава толкава) и да произведуваат повеќе и повеќе свесни и одговорни млади политичари.

 

Неможеме а да не го споменеме и истрајното членство и симпатизерите кои пак можеби понекогаш најмногу го чувствуваа ударот по плеќи сиве овие години НО без него и општинските раководства денеска немаше да бидеме тоа што и сме, респектабилна и политичка партија раководена од принцип и вистинска идеологија. На крајот од ова мое кратко видување сакам на мојата матична партија, јас, заедно со моите млади сопартијци кои покрај сите лоши удари доблесно и цврсто се изборија и ќе се борат до крај заедно со сите они кои денеска раководат и функционираат во било кое партиско тело, да и го честитаме нејзиното четиринаесет годишното постоење на Македонската политичка сцена.

 

Среќен Роденден ВМРО-Народна партија!

 

Дино Блажески – претседател на УМС на ВМРО-Народна партија

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -