fbpx
9 C
Skopje

Чилиманов за „BreitBart“: Организациите поддржани од Сорос и УСАИД се обидоа да палат државни институции и повредија десетици полицајци

АКТУЕЛНО

Мицкоски вели дека Заев ја користел состојбата на негова изолација, па тоа придонело за гласање на довербата на Владата

Нема човек кој е задоволен од оваа Влада и затоа сите граѓани со мачнина го гледаат ова денешно препелкање на Заев во Собранието. Јас...

Георгиевски: Отсекогаш сум кршел табуа

Претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и поранешен премиер, во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 Вести, истакна дека негова цел со неодамнешните предлози...

Трамп со својот говор ги „запали“ сите присутни: Ја спомнал и Меланија, а тоа што го кажал за неа

Синоќа, поранешниот претседател на САД одржал говор на конференцијата за Конзервативните политички акции. Конечно се чини дека е ставена точка за разните шпекулации за бракот...

Борис

Бидејќи ја задоволивме правдата ред е да се вратиме на старите проблеми. Сфативме со годините дека многу тешко успеваме да ја покажеме на дело нашата...

Радио станицата на американската медиумска мрежа „Брајтбарт’ емитуваше интервју со Цветин Чилиманов од организацијата Стоп Операција Сорос, во кое Чилиманов зборуваше за протестите организирани и поддржани од СДСМ и како што вели самиот тој, организациите на Сорос, кои според него добивале финансиска поддршка од американската амбасада, која според него, ја политизирала својата улога во Република Македонија.

„Поранешната комунистичка партија во Македонија СДСМ практично веќе се има споено со широката мрежа на невладини организации финансирани од Џорџ Сорос. Десетици и десетици НВО организации делат приближно пет милиони долари годишно од Сорос, што е веројатно најмногу пари по глава на жител од било која држава во која Сорос е активен. Дополнително, тие добиваат дополнително уште неколку милиони долари од САД, главно преку организацијата УСАИД, како и од други амбасади во Македонија како британската или холандската“, изјави Чилиманов.

Чилиманов додаде дека, насилниците кои учевствувале во протестите поддржани од СДСМ и Сорос ги нападнале институциите на државата, обидувајќи се да направат упад во Владата и Собранието, истворемено, повредувајќи десетици полицајци во насилни протести што ги организираа во изминатите две години.

„Дури го правеа ова, добиваа финансиска поддршка од американската амбасада која ја политизираше својата улога во Македонија“, вели Чилиманов.

Новинарот на „Брајтбарт“ го отвори прашањето за видот на поддршка која американската Влада и го дава на мрежата на Сорос во Македонија.

Во изминатите години УСАИД и американската амбасада им дадоа десетици милиони долари на групи формирани од Џорџ Сорос во Македонија. Притоа, нема ни приближно слична поддршка за конзервативни организации, што значи дека американската амбасада практично се стави во ситуација да помага една од страните вклучени во политичката и идеолошката борба во Македонија. Овие американски државни средства се исплаќаат на групи кои беа директно вклучени во организирање на насилни протести, кои ја напаѓаа полицијата и правеа се што можат да ја урнат конзервативната Влада во Македонија. Овие пари им се исплаќаат на разни организации и за разни проекти, при што дел одат за финансирање на лево ориентирани телевизиски програми и интернет страници“, изјави Чилиманов.

„Брајтбарт“ е новинска агенција на чие чело до неодамна стоеше Стив Бенон, кој сега е именуван за главен политички советник на американскиот претседател Доналд Трамп, со што Брајтбарт се смета за медиумски канал кој е политички најблизок до Белата Куќа.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Мицкоски вели дека Заев ја користел состојбата на негова изолација, па тоа придонело за гласање на довербата на Владата

Нема човек кој е задоволен од оваа Влада и затоа сите граѓани со мачнина го гледаат ова денешно препелкање на Заев во Собранието. Јас...

Фабрика на слатки облаци: Руски град во кој се патува поради совршениот традиционален десерт

Кога би се бирал „најслаткиот“ град во Русија, тоа би бил Коломна, кој е синоним за традиционалниот десерт од јаболка наречен пастила. Но, не дозволувајте...

Георгиевски: Отсекогаш сум кршел табуа

Претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и поранешен премиер, во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 Вести, истакна дека негова цел со неодамнешните предлози...

Трамп со својот говор ги „запали“ сите присутни: Ја спомнал и Меланија, а тоа што го кажал за неа

Синоќа, поранешниот претседател на САД одржал говор на конференцијата за Конзервативните политички акции. Конечно се чини дека е ставена точка за разните шпекулации за бракот...

Борис

Бидејќи ја задоволивме правдата ред е да се вратиме на старите проблеми. Сфативме со годините дека многу тешко успеваме да ја покажеме на дело нашата...
- Advertisement -