fbpx
7 C
Skopje

Човечко тело кое се распаѓало пронајдено во канализациска шахта на локацијата „Сончев град“

АКТУЕЛНО

Човечко тело, во напредна фаза на распаѓање, во текот на вчерашниот ден е пронајдено во канализациска шахта.

Како што се наведува, вчера во 12.30 часот овој случај бил пријавен во Полициската станица Кисела Вода. Имено при  при изведување градежни работи на локацијата „Сончев град“, во с.Сопиште, скопско, во канализациска шахта, било откриено човечко тело  во напредна фаза на распаѓање.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција. Се работи на идентификација на телото и целосно расчистување на случајот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -