fbpx
0 C
Skopje

Чудна нација сме ние Македонците

АКТУЕЛНО

Сонце, па дожд и снег- погледнете какво ќе биде времето до сабота

Во следните два дена ќе се задржи сончево и релативно топло време. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула, а дневните...

(ВИДЕО) Дарко и Сулејман од Берово: Од Корона се штитиме со по литро ракија на ден

Дарко и Сулејман од Берово се долгогодишните експерти во конзумирање на шливка Тие препорачуваат Беровската сливова ракија како е лекот против корона вирусот.Тие секојдневно се...

Мицкоски вели дека Заев ја користел состојбата на негова изолација, па тоа придонело за гласање на довербата на Владата

Нема човек кој е задоволен од оваа Влада и затоа сите граѓани со мачнина го гледаат ова денешно препелкање на Заев во Собранието. Јас...

Георгиевски: Отсекогаш сум кршел табуа

Претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и поранешен премиер, во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 Вести, истакна дека негова цел со неодамнешните предлози...

Пишува: Иван Ставров

  Чудна нација сме ние македонците, посебно оние со преголема доза на  ,,патриотизам” во себе, што бранат некои интереси на државата и идеали, но всушност  даваат уште потемно светло во очите на нашите соседи со нивните празни ветувања, пишувања, неедуцираност, и ударања во гради по социјалните мрежи и медиуми за нешто што некој му кажал дека тоа е така, но вистината позади завесите е многу поразлична од тоа што они го слушнале, или разбрале. Но тоа е само во писмена форма, а без ни тронка реализација на јаве.

Најмногу такви ,,фини” личности и помлади и постари среќавам во политиката, каде што бранат некоја политичка платформа, во која јасно и гласно кажуваат ние сме за ,,демократија” за ,,реформи”. Но кај тие луѓе има еден момент, ако ти како личност завземиш негативен и критички став и го насочиш директно на нив, таа демократија за нив тука веќе прекинува и почнуваат јавно со нивната ароганција да те напаѓаат и веднаш да ти залепат етикета пред народот:,,национален предавник”.

Но тие работи станаа веќе дел од секојдневието и не ме загрижуваат толку многу, колку што ме загрижува фактот, како политичките партии во Македонија направија поделби и раздор помеѓу македонскиот народ и пријателите ги претворија во непријатели.

Иако останавме 1 милион македонски државјани во нашата мила и убава Татковина, македонците во име на нивните политички партии и лидери,се заколнаа на вечна робија и послушност,тоа било нешто ,,свето” , што дури некој партијата си ја нарекоа и своја ,,религија” . На тој начин македонците си ја направија сами својата поделба и си ја продадоа државата без никакво надворешно влијание, си наметнаа сами врз себе диктатура и се офарбаа во различни бои. Неможам да разберам до кога вие така наречените ,,лидери” ќе гледате само од ваш агол како да се допре до убавите и кожни фотељи, како преку различни манипулации со граѓаните во оваа држава си ги остварувате вашите цели,интереси, бенефиции и си се обезбедувате по многу ,,поштен” пат со материјалните средства (најважното нешто за вас).  Имате ли малку свест, дека со оваа вештачка политичка криза и штетите толку многу на државата и граѓаните во неа, што на некој начин ги доведовте до тотално лудило сите, а државата секоја ден се повеќе оде во бездна и тоне што една ден нема да можете да ја извадите од таму каде што ќе се удави. На крај му всадувате во главите на сите како Европа и Америка сето ова го правеле, они биле криви за се, па Сорос бил крив, па пуштате вода како Трамп ќе ја спасел Македонија, па Путин, па го поделивте народот на комунисти, социјалисти, комити, војводи, да си играат Камај-Камај помеѓу себе. Срамно, жалосно, но и трагикомично е пред очите на Европа и останатите земји да изигравате циркузанти и да му го перите мозкот на народот, а уште потрагично е народот што го прифаќа цело тоа. ДО КОГА!?

Во последно време исто така гледам како многумина од тие политички структури во 21 век, време за промени и прогрес во општеството почнаа да зборуваат многу за настани поврзани со историјата и станаа поголеми историчари и од самите историчари. Па сакам да ги прашам: колку многу од значење и корист ќе ви бидат тие минати историски предрасуди што целите нон стоп на нив и градите си ги исчукавте непотребно? За тоа губење на време што било пред 50 или 100 години испуштивте многу поголеми работи и шанси што ќе бидат од корист за нашата држава Македонија еднаш да даде чекор напред, која што од прва на Балканот дојде до степен да биде последна поради некое минато свршено време и таквите заостанати мисли и слепила  што им ги наметнувате секојдневно и упорно на граѓаните на Република Македонија, наместо да ги насочувате кон многу посветол и модерен пат да  размислуваат свесно за сегашноста и иднината, тие се ставени во дилема и историска опсесија затоа што некои така сакаат да стоиме во место и да мислиме на минатото.

Бидете прогресивни луѓе кои што ќе направат и створат своја и нова историја, со нови и чисти мисли и идеи, а немојте да бидете копии и заробеници на нешто што поминало и заминало многу одамна, затоа што така држава не се гради, туку се растура. Оставете ја историјата на тие што се стручни за таа цел, да ја решаваат, а не вие.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ФОТО: Лила со раскошно деколте најави „нешто ново“

Една од најпознатите македонски ТВ-водителки Лила Филиповска уште еднаш ја покажа својата убавина , но и нејзиното бујно деколте. По модниот новогодишен едиторијал за познатата...

Сонце, па дожд и снег- погледнете какво ќе биде времето до сабота

Во следните два дена ќе се задржи сончево и релативно топло време. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула, а дневните...

Запленети лажни вакцини против коронавирус: Станале примарна цел на криминалните организации

Властите во Јужна Африка запленија повеќе стотици ампули лажни вакцини против ковид-19, по глобалното предупредување издадено од Интерпол дека вакцините станале примарна цел на...

(ВИДЕО) Дарко и Сулејман од Берово: Од Корона се штитиме со по литро ракија на ден

Дарко и Сулејман од Берово се долгогодишните експерти во конзумирање на шливка Тие препорачуваат Беровската сливова ракија како е лекот против корона вирусот.Тие секојдневно се...

ВИДЕО: Дедо од Делчево тврди дека измислил лек за корона вирусот

Човек од Делчево тврди дека го нашол лекот за корона вирусот. Помагал оревот и неговиот корен. Но да не откриваме многу, погледнете го видеото...
- Advertisement -