fbpx
4.8 C
Skopje

Чуму предвремена прослава, ако не успее референдумот?!

АКТУЕЛНО

Никако да се научиме дека живееме во Република Македонија, а не во Америка, Франција, Канада, Германија или било која друга моќна економска држава. Всушност, ние научивме. Да, ние граѓаните кои чесно заработуваме, плаќаме данок, оние кои со 250 евра одгледуваме семејство, оние кои не можеме да заштедиме за да отидеме на еден нормален убав одмор во годината, оние кои имаме урнисан здравствен систем во кој постојано има мртви новороденчиња, родилки, оние кои имаме катастрофално образование, оние кои чесно плаќаме данок, а за возврат добиваме драконски санкции од нашата држава, токму поради фактот што не сме и послушници. Да, токму така! Ние, граѓаните, научивме! Токму поради тоа и заминавме од нашата татковина. Барем поголемиот дел од нас. Другите?! Веројатно се на чекор да ни се придружат…

За оние кои останаа – веројатно ќе научат! Ќе научат дека во државата имаат политичари кои го злоупотребуваат нивниот глас, нивните пари (народните пари од буџетот на државата) за свое лично богатење, за свој личен рејтинг, за себе-промоција, а не за подобар и поквалитетен живот.

Па така и оваа „народна“ влада се реши парите на граѓаните наместо за болните и обесправените, наместо за подобро здравство, за подобро образование, за подобри патишта, за подобра иднина, да ги троши на себе-промоција за тоа колку таа била “успешна.“

Владата на Република Македонија ве поканува оваа сабота, на 14 јули, на обединување и заедничко прославување на “историскиот успех“ на Македонија односно „Македонија во ЕУ и НАТО“.

Прославата ќе се одржи во 15 градови заедно со преку 40 домашни музичари и артисти.

Е сега јас да прашам: Чуму предвремена прослава, платена со народни пари, со мои пари, ако референдумот биде неуспешен?! Тогаш кој ќе ја плати сметката другари?! Како тоа правите прослава платена со народни пари, за влез на Македонија во НАТО и ЕУ кога се знае дека уште конечната одлука не е донесена, односно истата треба да биде потврдена токму од граѓаните на Македонија на референдум. Или сеа ќе правиме свадба без младоженец?!

Пишува: Бранко Димитровски

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -