20 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Д Фестивал закажан за август

Десеттото издание на Д Фестивал оваа година ќе се одржи 49 дена подоцна од закажаните датуми односно од 21 до 23 август.

„Оваа година ни започна со амбициозна подготовка на фестивалот, која резултираше со рекордна продажба и најголем интерес досега. Во текот на изминатите месеци напорно работевме да го подготвиме и адаптираме Д Фестивал на препораките за борба против ковид-19. Бидејќи бројките на заболени во моментов не се на добра патека, решивме да го одложиме Д Фестивал 49 дена подоцна од закажаните датуми – од 21-23 август 2020 година, на локација Градски Парк – Дојран, во омилениот Д Камп. Во соработка и координација со нашите пријатели од Србија, ќе се одржи една недела по Exit Festival“, велат организаторите.

Со задржување на набавениот билет, посетителите за возврат добиваат можност со истиот да присуствуваат на двете изданија на Д Фестивал – во 2020 и во 2021. Доколку не сте во можност да присуствувате на овогодинашното издание, билетот може да го задржите за 2021 година, а наскоро ќе бидат на располагање и различни решенија за поврат на средствата. Сите детали околу новите датуми и програма за Д Фестивал ќе бидат објавени наскоро.

„Здравјето и безбедноста за нас секогаш биле на прво место и сакајќи да придонесеме кон наоѓање решение на моменталната кризна ситуација, заедно со колегите од останатите продукции, се соединивме во новото здружение на културни промотери. Според насоките од Светската здравствена организација, кои предложија враќање на фестивалите во светски рамки, изработивме и детален предлог-протокол, поттикнат од позитивното искуство на соседните и европските земји кој го доставуваме до надлежните институции. Ние, како и вие, се’ уште се надеваме на официјални решенија и дозволи за одржување културни настани. Со ова известување апелираме до надлежните институции дека е време да ги препознаат огромното влијание и позитивната улога кои ги имаат настаните од културен карактер за нашето општество“, велат организаторите.

извор: Makfax

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.