fbpx
16 C
Skopje

Д-р Даниловски: Вakцинален пасош според мене ќе значат директен механизам за дисkриминација (Видео)

АКТУЕЛНО

Здраворазумски ако размислуваме тука би рекол, има фармацевтска војна. Она што значи конкуренкција треба да се елиминира. Овде има заработка во милијарди долари односно милијарди евра. АстраЗенека изјавуваше дека ќе работи без профит.

Можеме да претпоставиме дека има таков вид елементи што се покрена една таква кампања против нив. Мене ми е жал што се објавуваат научни студии кои ги поткрепуваат таквите тврдења. Добар дел од нашиот свет се стави во функција на политиката, вели Д-р Даниловски во емисијата „Во Центар“ кај Васко Ефтов.

Д-р Даниловски вели дека вакцините обезбедуваат позиции во геостратешките сфери. Како кец на 10 дојдоа вакцините за да можат да се освојуваат геополитички поени. Знаете што може да се случи – еве за ова што се преговара за вакцинални пасоши. Ќе се воспостави тоа и нема да може да се патува без таков пасош, одреднеи подрачја ќе останат без вакцини, и тоа подрачје нема да може да мрдне без да обезбеди вакцинални пасоши, а нема да може да ги обезбеди бидејќи нема вакцини.

Тие Ковид пасоши се директен механизам за дискриминација и не верувам дека нема политичка позадина за тоа. Такво нешто според мене не смее да се усвои иако гледаме дека постојат такви тенденции, да такви пасоши се туркаат да се воспостават, додава тој.

Замислете не ве пуштаат во ресторан ако немате легитимација, ако немате вакцинален пасош. Вие автоматски сте дискриминирани. Јас не знам тие што прележале дали ќе добијат таков пасош, дава пример Д-р Даниловски.

Погледнете го ова интервју и ставовите на Д-р Даниловски во емисијата „ВО ЦЕНТАР“

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -