9 C
Skopje

Д-р Енсер Јусуфовски: Потребна е темелна систематизација и консолидација на здравствениот систем

АКТУЕЛНО

И Груевски се прости од Амди Бајрам: Јас сум сведок дека тој беше човек кој помагаше на многу луѓе во тешки времиња

In memoriam Замина Амди Бајрам. Добар човек, снаодлив и многу емотивен, секогаш подготвен за добра шега. Незаборавен лик во македонската политика со кого имавме одлична...

ВМРО-НП: Георгиевски оствари средба со бугарскиот државен врв

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски при својата посета во соседна Бугарија оствари средби со министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, со потпретседателот на...

Разговор со Д-р Енсер Јусуфовски, носител на ИЕ 2 од Граѓанско Демократска Унија – ГДУ

ПОГЛЕД: Секој ден имаме се повеќе заболени граѓани од корона вирусот. Дали вие како медицинско лице сметате дека мерките кои беа преземени се доволни и дали мислите дека воопшто беа ефикасни?

Мерките кои беа превземени од страна на техничката влада беа нецелосни, некоординирани и неефикасни за на крај да се увиди дека се целосно фијаско.

ПОГЛЕД: Економијата неизбежно го доживеа својот пад поради пандемијата. Што треба да се направи според вас за нејзино побрзо закрепнување?

Економскиот колапс што го доживеа и живее македонската економија е резултат на неефикасните мерки преземени од владата и нетраспарентно трошење на сите средства во непродуктивни сектори и популистички мерки. Итно соочување со реални параметри и бројки на салдото, контрола на нектролираното празнење на буџетот и стимулација на средните и малите фирми. Носење на ефективни закони и намалување на админстративните пречки за сите правни субјекти.

ПОГЛЕД: Каков е вашиот став за лидерските средби и до кога според вас лидерите ќе успеваат да ги постигнуваат своите цели преку договори позади затворени врати?

Лидерските средби всушност покажуваат немање на лидерство кај претседателите на двете најголеми политички партии. Тие на нетраспарентен начин се договараат за теснопартиски цели и цело време глумат загриженост за здравјето на населението и неговата благосостојба.

ПОГЛЕД: Што мислите за одолговелкувањето на датумот за избори?

Тоа е тактизирање помеѓу двата политички субјекти со посредство на претседателот кој е како пинг- понг топче со кое си играат двата играчи.

ПОГЛЕД: Каква според вас ќе биде предизборната кампања и што очекувате после изборите?

Во секој случај оваа кампања нема да биде во никаков случај фер, транспарентна, но се надевам дека поради набљудувачите би се ублажил овој момент. Кампањата е речиси во тек од некои политички партии но ДИК никаде го нема да реагира за тоа, доколку другите решат да се претстават веднаш има медиумски мрак. Сепак се надевам дека конечно граѓаните ќе гласаат за промена на оваа политичка гарнитура за подобро. Поинаку е подобро!

ПОГЛЕД: Што би промениле најпрво во нашата земја доколку имате можност да го направите тоа?

Доколку би имал можност за промени прво би го променил судскиот систем во потраспарентен и поефикасен, промена на изборниот модел, темелна систематизација и консолидација на здравствениот систем во една ефикасна и фунционална современа целина. Донесување на издржани економски и финансиски проекти за развивање и унапредување на економијата и стопанството.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Строги мерки: Се воведува полициски час во одредени градови кои претставуваат корона-жариште во соседна Грција

Заради зголеменото ширењето на коpoнa Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун. Мерките стапуваат на сила во 6:00 часот денес...

И Груевски се прости од Амди Бајрам: Јас сум сведок дека тој беше човек кој помагаше на многу луѓе во тешки времиња

In memoriam Замина Амди Бајрам. Добар човек, снаодлив и многу емотивен, секогаш подготвен за добра шега. Незаборавен лик во македонската политика со кого имавме одлична...

И Сашо Мијалков се прости од Амди: Беше легенда 102, 3 %, ќе бидеш долго запаметен на јавната сцена

Драг пријателе, Беше легенда 102,3%, вели Сашо Мијалков по повод смртта на Амбди Бајрам. – Со својата појава и уникатно однесување ке останеш долго запаметен...
- Advertisement -