fbpx
-2.9 C
Skopje

Д-р Караџоски: Нема да се зарази тој што гласа, туку тој што не ги почитува мерките

АКТУЕЛНО

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

ВМРО НП: Историчарите молчат за Kрвав Божиќ во кои беа стрелани стотици македонски партизани

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше...

Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџоски се најде во фокусот на интересирањето на јавноста, откако бројот на заразени почна драстично да расте, откако непочитувањето на мерките за заштита доби загрижувачки размери и, особено, откако одржувањето на предвремените парламентарни избори беше доведено во директна зависност од одлуките и препораките на Комисијата. Во интервју за Слободен печат, Караџоски вели дека Ги обвинувам и граѓаните за непочитување на мерките, но и сите други.

Бројот на заболени секојдневно се зголемува и се отвораат нови кластери. Ви забележуваат дека ги обвинувате граѓаните за тоа?
– Ги обвинувам и граѓаните за непочитување на мерките, но и сите други. За време на првомајските празници ние како стручна комисија издадовме соопштение за мерки на претпазливост, но Главниот кризен штаб и Владата усвоија нешто сосема друго. Потоа бевме непријатно изненадени кога се случи Литијата во Струга, во која имаше целосно непочитување на превентивните мерки за спречување на респираторната инфекција. И за бајрамските празници Комисијата сугерираше да се предложи мерка за спречување на вирусот, со тоа што ќе го ограничиме дружењето со обврзно носење маска, со држење дистанца. Очекувавме дека нема да има тактизирање во донесувањето на одлуките. Но, видовме непочитување на мерките од страна на наши сограѓани од исламска вероисповед во одредени делови од Скопје, но и на ниво на државата. Тоа доведе до проширување на вирисот меѓу населението, прво во фамилијата, па во најблиското соседство и пошироко. Непријатно сум изненанден, дури и револтиран поради неспроведување на мерките на домашни свечености. Какво е тоа организирање свадба со стотици гости или организирано јадење мекици по повод новороденче или славење матурски вечери? А од друга страна очекуваме полицијата да биде таа што ќе контролира што се случува во државата.

Дали полицијата контролираше доволно и соодветно?

– Во некои сегменти да, особено на почетокот кога го спречуваше движењето во полициски час. Но, преку ден кога имаше забрана на движење можевме да видиме деца на улица, луѓе кои купуваат непречено во маркетите и слободно се движат, а полицијата стои до нив и не реагира. Свесни сме дека над 85 проценти од граѓаните се однесуваат совесно кон себе и кон другите, но мора да се знае кој ја шири инфекцијата. Тоа се главно младите до 30-40 години кои и несвесно го шират ковид 19 и не занејќи дека се асимптоматични носители на вирусот. Асимптоматските на нозе, како лесна настинка, ја прележуваат инфекцијата, некогаш и не знаејќи дека се носители.

Зошто значителен број сограѓани сепак не ги почитуваат мерките за заштита?

– Дваесет проценти од нив воопшто не веруваат дека има ковид вирус. За тоа придонесуваат и некоректните изјави дека вирус не постои и дека е тоа политичка измислица за да и наштети на економијата, или дека некој што е моментно на власт се обидува да добие политички поени. Апсолутно се спротивставувам на сите овие мислења. Комисијата не е партиско тело, и не спроведува ниту партиски, ниту религиски одлуки.

Дали по последната прес-конференција се чувствувате навреден, зашто понекогаш изгледа како да полемизирате со некој кој ве обвинува?

– Не сум навреден што последниве денови по мене се фрлаа дрва и камења. Ме обвинуваа партиите, но јавноста мора да сфати дека Комисијата работи согласно критериуми, според струка, наука и свој бекграунд. При секое донесување одлука имаме „сочна“ расправа и ниедна не е донесена едногласно, ниту пак затоа што нејзиниот претседател така решил. Дополнително, што јас како претседател не сум највисока функција, туку има уште три над мене – началник, раководител и директор. Инаку, мојата стручност е неспорна. Имам над 35 епидемии зад мене. Затоа на почеток предвидов дека ќе имаме над 2.000 позитивни и 150 до 200 смртни случаи.

Дали можеше да се направи повеќе околу информирањето на граѓаните, околу транспарентноста?

– Што повеќе? Па, сведоци сме дека медиумите имат секојдневен брифинг од министерот за здравство. Дали во последниве 20 години некој министер за здравство излегол повеќе во јавност со дневен брифинг за актуелна состојба и дали некој од почетокот на кризата има нешто скриено, некој резултат или број на тестови, на позитивни? Дали сме можеле да ги филуваме резултатите или да ги скриеме? Да, сме можеле. Но, што би добиле? Во еден ден ќе ни се преполнат болниците со стотици болни, иако ќе речевме дека имаме само пет позитвни. Не, уште на почеток Комисијата за заразни болести одлучи да биде стопроцентно транспарентна, дека ќе ги објавува резултатите каква и да е состојбата со короната.

Се води голема политичка битка за датумот за изборите, која се темели на здравствената состојба. Дали Комисијата има изготвено протокол за избори и за кој период?

– Да, комисијата доби задача да изготви изборен протокол. Никој никогаш не ни рекол кога ќе бидат изборите. ДИК во полн состав беше повикана кај нас, а од нас беше побарано да им дадеме критериум за да се спроведе изборниот ден. Комисијата изготви протокол и тој е доставен до ДИК. Но, ние кажавме дека не можеме да проектираме во кој период може да има избори. Само кажавме кои критериуми треба да се задоволат за да се спроведат. И во соседството се подготвуваат за избори. Никој, никаде не го прекинал изборниот процес поради ковид. Затоа што никој во нашиот нормален живот нема да се зарази ако ги почитува мерките за заштита, за дистанца, ако носи маска или ако се дезинфицира. Значи, направивме протокол кој важи кога и да се одржат изборите.

Целото интервју тука.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Љупчо Николовски со убава вест за граѓаните на источна Македонија

Работната сабота ја завршуваме доцна, но со повеќе одлуки на Владата во интерес на граѓаните. За капиталниот проект во македонскиот Исток, брана на река Отиња...

AМЕРИКАНСKАТA ВОЈСKА НА НОЗЕ : Се очекуваат протести од вooружени приврзаници на Трамп(ФОТО

НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ Сите 50 држави во САД и областа Колумбија се во состојба на итен повик викендов поради можни насилни...

СИТЕ ПРИСУТНИ НА АЕРОДРОМОТ ВО ФРАНКФУРТ ЕВАКУИРАНИ: Причината следна

Неколку сектори на аеродромот се затворени поради постапката на полицијата, која побарала од граѓаните да не ги споделуваат снимките од овој настан на социјалните...

Сooбраkajka во Скопје: При судир на два автомобили на ул Јадранска магистрала со тешkи повреди се здобила скопјанka

Најнови вести: Пропаднавме во бездна: Замрзнати лица, очаен пораз на Маkедонија Најново: Еве во кој град е најстудено денес во Македонија Во продолжение веста Скопјанка се здобила...

Булеварко за одбојкарите: Дечките покажаа што значи национален дрес, што значи Македонија

Ако се вратиме наназад 7,8 години ќе се потсетиме дека истиве овие момци гостуваа на низ европа кој како ќе се снајде. Автобуси, коли,...
- Advertisement -