fbpx
-1 C
Skopje

Д-р Сашко НИКОЛОВ: Како што бев и сум доктор кој посветено се грижи за здравјето на граѓаните, така ќа бидам и пратеник кој ќе работи на благосостојбата на сите во нашата татковина

АКТУЕЛНО

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

ВМРО НП: Историчарите молчат за Kрвав Божиќ во кои беа стрелани стотици македонски партизани

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше...

Штип, 25.07.2020

Д-р Сашко Николов, интервентен кардилог при Клиничката болница Штип, кандидат за пратеник во третата изборна единица од листата на СДСМ и коалицијата, денес, на своја иницијатива, имаше работна средба со телесните инвалиди од Штип. Идејата на д-р Николов беше оваа категорија граѓани да ги добијат сите неопходни и корисни информации во однос на Ковид 19 за подобра заштита од заразата.

-Слушајте ги и почитувајте ги мерките кои ви ги препорачуваат здравствените работници, а не било кој друг. Само тоа што тие ќе ви го кажат е точни и научно докажано како да се однесуваме во услови на оваа пандемија. Проветрувајте ги почесто вашите простории, редовно мијте раце, без маска на лице не излагувајте од дома, не се групирајте, држете растојани од два метри еден од друг…Маската на лицето да не ви ја покрива само устата туку и носот зашто и преку него дишеме и можеме да се заразиме ако не сме внимателни, порача д-р Николов.

Тој рече дека и самиот бил разочаран од однесувањето на некои граѓани кои не почитуваат никакви мерки.

-Ако не ги проветруваме просториите во нашите станови и куќи ризикуваме вирусот доколку на некој начин сме го внеле дома да остане подолго да ни се заканува. Дезинфекцијата на работните површини кои најчесто ги допираме со раце мора да биде редовна и квалитетна. Разочарам сум од поединци и групи кои иако знаеја дека не смеат да се групираат, го правеа тоа и така придонесоа врусот да се шири. Мора да ги почитуваме сите мерки зашто не постои друг начин да го спречиме, а со тоа да си го сочуваме најдрагоценотот, а тоа е здравјето, рече д-р Николов.

Тој посочи дека  министерот за здравство д-р Венко Филипче и Комисијата за здравство на еден извонреден начин придонеле да се спречи можноста од ширење на вирусот кај поголем број граѓани во нашата држава.

-Тие го направија најдоброто што во вакви околности можеше да се направи. И здравствените работници дадоа и повеќе од можното во борбата за спас на многу животи. Но, никаде во светот па ниту кај нас не можеше и не може да се сопре целосното функционирање на социјалниот живот. Сепак, и во такви околности треба да се биде крајно внимателен и да се почитуваат мерките за штетите по здравјето и животот на луѓето да бидат што помали, нагласи д-р Николов.

Тој им вети на присутните дека и кога ќе стане пратеник ќе продолжи да се грижи за доброто здравје на пациентите.

-Парламентот со работа започнува од 11 часот, јас сум научен на работа, ранобудник сум, ќе станувам рано наутро за со моите прекрасни колеги во Клиничка болница Штип да стентирам, да работам на заштита на здравјето и животот на граѓаните од регионот на кои таква заштита им е неопходна. Бидете сигурни дека во мене, како и досега ќе го имате најголемиот пријател на вашето здравје, а по 15 јуни кога СДСМ и коалицијата ќе ја формираат новата влада, ќе го имате и човекот-пратеник кој упорно и посветено ќе работи на носење закони кои ќе бидат од добробит за сите граѓани на оваа наша убава држава, без оглед на етничка, религиозна или било каква друга припадност,им порача на телесните инвалиди д-р Сашко Николов.

Извор – istokpress.mk

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Ова е 26 земјотрес во три дена: Вечерва нов земјотрес во Хрватска

Граѓаните на Хрватска во страв Нов земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала денеска околу 13 часот ја погоди областа на Петриња. Ова е...

ДВE ТEШKИ СООБРАKAJЌИ и 8 повредени: Причината е снегот

Во последната состојба за временската прогноза е упатено посебна напомена до возачите да бидат крајно внимателни Патничко моторно возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки,...

НАЈНОВA прогноза: Патиштата се лизгави, возачите да бидат крајно внимателни

Вести за временската прогноза и состојбата на патиштата Поларниот бран во Македонија пристигна уште во текот на вечерните часови од вчерашниот ден кога поголем дел...

Богојески смета дека Бугарија е виновна за палењето на бугарското знаме во Вевчани: Очекувам поголеми провоkации

Петар Богојески од македонски концепт на фејсбук Бугарија е виновна за палењето на бугарското знаме на карневалот во Вевчани! Секако дека е непримерно да се...

За Вевчани: Се огласи Спасовски таму немаше ништо спеkатkуларно, од политички причини некој сакаше да предизвиka инциндент

Спасовски: Во Вевчани немаше ништо спектакуларно, од политички причини некој сакаше да предизвика инцидент Коментирајќи ја полициската интервенција на Вевчанскиот карневал, министерот за внатрешни работи,...
- Advertisement -