fbpx
-1 C
Skopje

Д-р Соња Михаиловска: Владата предводена од СДСМ направи историски успех и го зацементира европскиот напредок на државата

АКТУЕЛНО

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Михаиловска: Моја првенствена цел ќе биде да ги поддржам сите иницијативи од локалната власт кои ќе се однесуваат на изградба на капитални проекти кои ќе влијаат врз квалитетот на животот. Граѓаните и локалната власт од Делчево, но и од целиот регион, ќе имаат партнер за решавање проблеми и реализирање проекти кои ќе донесат регионот да се развива и, секако, ќе донесат подобар квалитет на животот. Бидејќи мојата интенција е да сум пратеник од народот и да работам во негов интерес и тука немам двојба.

ПОГЛЕД: Нашата држава за прв пат ќе се соочи со кампања во услови на пандемија и ќе избира парламентарен состав и Влада во досега за нас непознати услови. Каква кампања ќе водите како кандидат за пратеник од СДСМ во ИЕ 3?

– На почетокот сакам да потенцирам неколку факти за кои, верувам, дека јавноста е свесна. Одржувањето на изборите е неопходно, бидејќи системот на техничка влада е неодржлив, a потребно ни е функционално Собрание. Одговорна држава ќе организира, безбедни за здравјето, избори, но и секој поединец, лично ќе придонесе за зачувување на здравјето на граѓаните. СДСМ ќе води одговорна кампања, како што и доликува на државотворна и зрела партија. Сите наши активности во следниот период ќе бидат исклучително организирани и спроведени почитувајќи ги мерките за заштита. Како што одговорно се однесувавме во епидемијата, како што одговорно се бориме со пандемијата штитејќи го јавното здравје, така одговорно ја водиме кампањата. СДСМ докажа дека знае и умее да делува во интерес на граѓаните, така ќе се однесуваме и во кампањата. Ги откажуваме митинзите, големите собири и сите потенцијално ризични настани, на сметка на други активности со кои ќе ја испратиме нашата порака, но и ќе го заштитиме здравјето на нашите активисти, членови и на сите граѓани.

ПОГЛЕД: Вие сте специјалист по семејна медицина во Делчево со долгогодишно работно искуство и учествувате во работата на повеќе комисии. Кои се Вашите мотиви да влезете во политиката и да се кандидирате за пратеник?

-Најпрво, сакам да изразам благодарност за довербата на моите сопартијци, но и за поддршката што ја добивам од моите сограѓани. Ќе работам, исклучиво и да ја оправдам оваа доверба, но пред сè, во интерес на моите сограѓани. Мојата интенција е да сум пратеник од народот и да работам во негов интерес и тука немам двојба. Здравството не е надвор од општественото живеење. Со гордост ја работам оваа хумана професија веќе 15 години, но оваа епидемија покажа и докажа колку е потребен ефикасен здравствен систем во кој сите алки од здравствената заштита ќе функционираат непречено и синхронизирано, бидејќи за здравјето се работи. Претходниот долг период, кога извршната власт беше во рацете на сегашаната опозиција, цела деценија се носеа погрешни одлуки кои ја деградираа не само оваа професија, туку ги поразија и сите вредности. И сето тоа, кога се доживува, создава револт, но и како одговорна личност, те тера да размислуваш што можеш да направиш за работите да се променат. Промените за кои отворено се залагав како член на СДСМ, дојдоа со Владата на СДСМ. Покрај покачувањето на основната плата во државава, многу ме охрабрува фактот што оваа Влада предводена од СДСМ, комплетно ја менува и сликата во здравството. За унапредување на вредностите, за продолжување на градењето европска држава, вреди да се бориш и да го прифатиш предизвикот, бидејќи ние сме на вистинскиот пат. Денес со задоволство ќе ги потсетам граѓаните дека во периодот од септември 2018 до февруари 2020, 4 пати е зголемена платата во здравството, основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, на медицинските сестри до 23%, на општите лекари за 25%, а на останатите здравствени соработници за 15%. И за првпат, оваа Влада ги плати приватните специјализанти за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар. За период од две години дадени се повеќе од 5.000 согласности за вработувања во јавно-здравствените установи, дадени се повеќе од 1000 согласности за специјализации и супспецијализации. Останува и понатаму наш приоритет – подобрување и унапредување на јавното здравство, подобри услуги за пациентите и работни услови за здравствените работници.

ПОГЛЕД: Вашиот влез во Парламентот е извесен. Како кандидат од Коалицијата предводена од СДСМ во ИЕ 3, вие сте на високото 6-то место на листата кандидати за пратеници што значи дека Делчево и во новиот парламентарен состав ќе има свој пратеник. Како ќе соработувате со локалната власт, а во интерес на граѓаните и поквалитетен живот на сите граѓани?

-Граѓаните и локалната власт од целиот регион ќе имаат партнер за решавање проблеми и реализирање проекти кои ќе донесат регионот да се развива и, секако, ќе донесат подобар квалитет на животот. Искрено, презадоволна сум како се движат во нагорна линија инвестициите последниве три години во регионот. Помина времето кога Истокот беше заборавен. Свесни се граѓаните за сите инфраструктурни проекти кои се реализираа или се во тек на реализација. Да потсетам на поголемите инфраструктурни проекти, како изградбата на автопатот Штип-Миладиновци, експресниот пат Штип-Кочани кој е во изградба, реконструкцијата на патот за Граничниот премин Делчево, реконструкцијата на транзитниот булевар низ Делчево, изградба на 10 км од регионалниот пат Делчево-Пехчево, реконструкција на магистралниот пат Кочани-Делчево и санација на свлечиштата, реконструкција и проширување на коловозот на регионалниот пат Делчево-Виница преку с. Бигла. Не е флоскула тврдењето дека се решаваат децениски проблеми на граѓаните и дека се гради по план. Ова, пак, што го докажува градоначалникот на Делчево, Трајковски, во овој период, е дека можеме доколку имаме строго зацртана цел, да го изградиме Делчево во современа урбана средина. Како пратеник ќе бидам целосно посветена на развојот на Делчево и на регионот, односно на подобрување на квалитетот на животот на секој граѓанин.

ПОГЛЕД: Кои ќе бидат вашите приоритети како пратеник?

Покрај актуелните капитални инвестиции кои се во тек на реализација, моја првенствена цел ќе биде да ги поддржам сите иницијативи од локалната власт кои ќе се однесуваат на изградба на капитални проекти кои ќе влијаат врз квалитетот на животот. Да споменам дека еден од приоритетите на моите сограѓани е изградба на експресен пат за Кочани, односно стариот пат од Делчево за Кочани со што ќе се избегнат кривините на сегашното патно решение кое води преку М.Каменица, а Кочани ќе биде поблиску за десетина километри. Исто така, приоритет ќе ми е и развојот на руралниот туризам и, воопшто, туризмот на овој регион кој обилува со природни реткости и заслужува да се интензивира прашањето за промоција на регионот како туристичка дестинација. Привлекувањето странски и домашни инвеститори е, сепак, основната задача, бидејќи ќе донесе економски развој на регионот, а целта е и невработеноста да падне под 10%. Не треба да се изостават и проектите од областа на социјалата и решавање на проблемот со домувањето на социјално ранливите категории, како и отворање старски дом во Делчево. Уште еднаш ќе потенцирам дека како пратеник ќе бидам партнер во реализацијата на проектите од локалната власт и приоритетите на граѓаните.

ПОГЛЕД: Дали имате некаква порака до кандидатите за пратеници од опозицијата?

Јас би нотирала само еден факт. Владата предводена од СДСМ направи историски успех и го зацементира европскиот напредок на државата и европската иднина на граѓаните. Отпочнуваме преговори за полноправно членство во ЕУ, а станавме и членка на НАТО, а што значи тоа, призна и убаво ни објасни еден од кнадидатите за пратеник од опозицијата во ИЕ 3 и на тоа, нема што да додадам. Граѓаните сакаат подобар живот, поголеми плати, услови за поквалитетен живот. Во овие три години извршната власт предводена од СДСМ, се лекуваше и се рехабилитираше дел од „тоталитарното наследството“ на режимот од ДПМНЕ, се враќаше демократијата, транспарентноста. Сегашната опозиција имаше 11 години апсолутна власт за да ги реши основните прашања за државата и да одговори на потребите од граѓаните, наместо тоа, таа ни продаваше ветар и магла, а во име на национализмот, создаваше милјардери, си ја јакнеше Партијата која стана една од најбогатите партии во Европа и пример за богатење и популизам на сметка на граѓаните и државата. Граѓаните немаат кратко паметење, тие ја паметат деградацијата и партизацијата на општеството, уште се свежи сликите од филмските апсења на неистомислениците. Затоа, ако имаат барем малку доблест и морал, нека го имаат сето ова предвид, кога ќе се соочуваат со граѓаните и ќе ја бараат поддршката, бидејќи тие беа неми извршители на целата деградација на општеството.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ХАРВАРД ТЕСТ ОД 1869 ГОДИНА: АKО ГО ЗНАЕТЕ ТОЧНИОТ ОДГОВОР, ВИЕ СТЕ НАТПРОСЕЧНО ИНТЕЛИГЕНТНИ

Малку луѓе можат да одговорат правилно на ова прашање. Внимателно прочитајте ја задачата и обидете се да го дадете точниот одговор Универзитетот Харвард е познат...

Лажат штом проговорат: Три хоросkопски знаци кои премногу саkaат да ја извртуваат вистината

Никој не ја кажува вистината во секој момент од животот, на за личностите родени во овие знаци, лажењето е составен дел од денот. Тие...

НOВA ТАЖНА ВЕСТ во Македонија: На 58 годишна возраст починa познатиот битолчанец и еден од основачите на навивачката група “Чкембари”

Прочитај повеќе во продолжение - тажна вест На 58-годишна возраст почина Вања Георгиевски, еден од основачите на навивачката група „Чкембари“. Георгиевски беше постојан посетител на...

Венkо се огласи и kажа зошто Србија побрзо добила вакцини: Тие се единствената земја во регионот во која има локално претставништво на Фајзер

Не постои законска пречка за прием на вакцините против Ковид-19 во нашата земја. Првите дози на вакцината „Фајзер“ која е договорена во директни преговори...

Избувна пoжaр во зградата на најголемиот производител на ваkцини

Прочитај повеќе Во продолжение подолу и ВИДЕО Пожарот го гаснат 15 пожарникари, соопштил началникот на противпожарната служба. Три лица биле спасени од зградата, а причината за пожарот...
- Advertisement -