fbpx
1 C
Skopje

Да направиме секој ден да е 21 Март-светски ден на лицата со Даунов Синдром

АКТУЕЛНО

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

ВМРО НП: Историчарите молчат за Kрвав Божиќ во кои беа стрелани стотици македонски партизани

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше...

Овој ден треба целата позитивна енергија од лицата со Даунов Синдром нивните родители и подржувачи да се насочи во исполнување на надежите за подобра, похумана и посигурна иднина на овие лица затоа што тие тоа и го заслужуваат. Во изминатиот период се придвижија работите во позитивна насока со воведувањето на задолжителна инклузија на лицата со посебни потреби, отварање дневни центри, вадење на лицата од институциите и нивно похумано сместување, но морам да напоменам има многу работа тоа да се примени во квалитетна инклузија, тие два збора одат секогаш заедно, квалитетна и инклузија, вели претседателката на ,,Здружението Трисомија 21-Скопје,, Јамболка Димитрова.

Foto

Tреба да се вклучи и градот кој треба да обезбеди превоз до и од Дневниот центар на овие лица. Родителите како поминуваат годините стануваат се поуморни за да ги носат и чекаат своите деца по разни институции.

Постои и неправедност за лицата со Даунов Синдром кои се постари од 26 години и за нив некои бенефиции се укинати како на пример ослободување од партиципација во здравствените установи, а лице родено со Даунов синдром ќе биде секогаш лице со Даунов Синдром и пред и по 26тата година.

Фото

Во март 2013 година го основавме Здружението на граѓани за помош иподдршка на лица со Даунов синдром ТРИСОМИЈА 21-Скопје Ова здружение е оснвано и негови членови се родители на лица со Даунов синдром.

Тоа е место каде што организираме работилници каде што нашите членови се стекнуваат со животни вештини (приготвување оброк, средување на кревет, диплење алишта, одржување на хигиена на просторот) кои во иднина ќе им помогнат да бидат понезависни од другите луѓе. Организираме забави кои сите многу ги сакаат со оглед дека овие лица го сакаат танцот и музиката.

Foto

Во оваа прилика ги повикуваме сите родители на територијата на Град Скопје и околината да ги користат улугите од дневниот центар за лица со Даунов Синдром-Скопје (позади Соборен храм во центарот на градот ), како и да ни се придружат на нашето Здружение во попладневните часови. Нашите активности може да ги следите на нашата фејзбук страна Trisomija 21-Skopje.

Во изминатите години Здружението Трисомија 21 Скопје организираше многу настани во кои активни учесници беа лицата со Даунов синдром со кои покажуваат дека можат да активни во различни свери . Две театарски претстави од кои првата се одржа во Театарот за деца и младинци на тема бајки, а втората се одржа во МНТ мала сцена со претставата „Пинокио„. Зружението беше организатор и учесник на Инклузивен танцов фестивал во кој освен групи од типични деца учествуваа и лица со Даунов синдром со неколку музичко –танцови точки. Лицата со Даунов синдром од Здружението учествуваат со свои точки и на многу јавни настапи кои ги организираат други Здруженија. Настап со Колектив Ветерница на Театарски фестивалот без дискриминација „Игри без маски„ каде добие признание за најдобра колективна игра како и многу други настапи на јавни настани.

Денес на 21 Март поради вондредната состојба во нашата држава, настанот кој што го планиравме да се одржи во MladiHub – #БидиПрв Дојди и ти на работилница со Трисомија 21 е откажан, но затоа спроведовме онлјан подршка, предизвик #РазличниЧорапи.
Ве предизвикуваме сите вас.

Foto

Облечете различни чорапчиња, направете добра слика, доколку некој сака може и видео. Од емоции да споделеме љубов, поддршка, среќа.Сега ни се тие и тоа како многу потребни.

#БидПрвСедиДома е хаштаг за објавата. Споделете и номинирајте ги и вие вашите пријатели за овој предизвик #ШарениЧорапи #РазличниЧорапи
Ќе помине и ова, седете дома!

претседателката на ,,Здружението Трисомија 21-Скопје,, Јамболка Димитрова

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Дознај: Еве kои возила во Македонија се ослободени од плаќање на патарина

Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за јавни патишта. Во неколку членови на овој закон опфатен е...

Девојkата сакаше да направи видео за повеќе лајкови и мислиме дека ѝ успеа

Колегите од „Мотика.мк“ успеаа да не насмеат со ова видео. Како што пишуваат тие, Идејата е видеото да ја направи популарна, можеби не како што...

Фатен е жив: Мажот кој дупчи гуми по Водно е сниман на камера

Повеќе сопственици на патнички возила последниве два месеци пријавиле во полициската станица Центар дека кога ќе станат наутро - откриваат дека гумите на нивните...

Го вртеше моторчето, па кравите го нападнаа: Лудa снимка која ќе ве насмее

Во продолжение видеа што ќе ве насмеат На социјалните мрежи постојано можеме да најдеме видеа со забавна и интересна содржина која ќе не насмее. Ние...

Ново Тикток видео: На наплатната рампа Скопје – Гостивар вади легитимација и минува без проблем (Видео)

Објавувањето на Тикток видеа од ваков тип во последно време е актуелно во нашата држава, па оттука се поставува прашањето - што конкретно ќе...
- Advertisement -