fbpx
13.8 C
Skopje

Дали би носеле мантил направен од долари? Кардашијан облече таков и тоа изгледа вака

АКТУЕЛНО

Една од најбогатите реалити ѕвезди на светот, Ким Кардашијан, вчера се дотера зa прославата на нејзиниот пријател. Таа се облече во контроверзно палто обвиткано во банкноти искомбинирано со чизми на потпетица кои исто така беа обвиткани во банкноти.

Со нејзиниот изглед, Ким Кардашијан ја покажа звојата витка фигура, меѓутоа го покажа и нејзиното непроценливо богатство. Нејзината комбинација ја зачини со мала златникава чанта налик на вреќа со пари на која е изгравиран симболот нa американскиот долар.

Ким

Нејзината коса беше собрана во високо „коњско опавче“ а беше нашминкана со препознатливи бакарни тонови на сенка за очи и металик-розев кармин за усни. Ким Кардашијан не сакаше да го открие идентитетот на пријателот кој ја организирал прославата, меѓутоа, беше активна на социјалните медиуми пред и додека траеше настанот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -