fbpx
9 C
Skopje

Дали снашката на Цветанка Ласкова ќе остане без пари од грантот

АКТУЕЛНО

Филипче пресече: Полицискиот час би важел две недели

Му посакуваме на Мицкоски побрзо да оздрави и да закрепне, и здрав и прав да дојде на конгресот и да даде отчет пред делегатите...

Љубчо Георгиевски: Се чувствувам како македонец и како ништо друго

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски кој деновиве излезе со предлог план за решавање на спорот со Бугарија, којшто власта не го прифати, вели...

Вучиќ до криминалците: Готови сте, еден нема да толерирам, сите ќе ве уапсиме

По завршувањето на седницата на Советот за национална безбедност, беа прикажани фотографии со вознемирувачkaa содржинa каде се прикажуваат тешки докази. Клучните докази против криминалните групи...

Христијан Мицкоски од инфективна клиника: Тешко дишам, а главата ми пука од температура

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи на фејсбук од инфективна клиника: По криминални и украдени избори, злоупотреба на вонредна состојба, масовен поткуп, притисоци,...

Само четири од вкупно 77-те компании апликанти, добитници на средства од првиот повик од Планот за економски раст – трет столб се изјасниле дека во својата сопственичка структура имаат лице кое е носител на јавна функција, или член на негово потесно семејство.

Инвестициските проекти на четирите компании, како што велат од Фондот за иновации и технолошки развој, ќе бидат повторно доставени на разгледување до Комитетот за одобрување на инвестиции, според критериумите за селекција и согласно правилниците на повикот.

За останатите компании од првиот инвестициски бран што доставиле изјава во која нема носител на јавна функција и/или член на негово потесно семејство во сопственичката структура продолжува постапката за склучување на договори за реализација на инвестициските проекти.

Исплатата на средства, согласно процедурите на Фондот, ќе се реализира квартално. Првата рата ќе се исплати веднаш по потпишување на договорите и достава на доказ од страна на компаниите дека е уплатен нивниот финансиски удел. Остатокот од средствата ќе се исплаќа по доставен квартален извештај од компаниите за наменско искористување на средствата и реализирана контрола од страна на Фондот.

– Фондот на 24 јули годинава ги повика 77-те компании апликанти да се изјаснат дали во својата сопственичка структура имаат лице кое е носител на јавна функција, или член на негово потесно семејство. По истекот на рокот од 15 дена, четири компании поднесоа изјава или дополнение на изјавата, со која ја декларираат сопственичката структура во која има носител на јавна функција, соопшти Фондот.

Изјави поднеле компаниите: „Микросам Прилеп АД” – Веле Самак, акционер, министер без ресор, задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, функцијата ја извршувал заклучно со 30.05.2017 година. „Контура ДОО Скопје” – Елена Донева, сопственик, член на потесно семејство на Јован Донев поранешен амбасадор во МНР на Република Македонија, функцијата ја извршувал заклучно со 28.2.2017 година. Т-Сенс консалтинг ДОО Скопје” – Мерита Адеми, малцински содружник, член на потесно семејство на Асаф Адеми, министер за култура во Владата на Република Македонија од 01.6.2018 година.

Од страна на компанијата до Фондот е доставено и известување за извршена промена на сопственичката структура односно бришење на лицето Мерита Адеми. Како дополнение на изјавата, во посебен документ, лицето Христина Керкез, еден од сопственици на „Декодикс ДОО експорт – импорт” Скопје декларира поврзаност, како член на потесно семејство на Цветанка Ласкова, посебен советник во Канцеларијата на претседател на Владата на Република Македонија, иако посочената советничка не е носител на јавна функција.

Извор: Република

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Раздорот во ДУИ почна да го зема својот данок: Падна првата оставка

Во писмото, ексградоначалникот на Чаир вели: „Со намера да не создадам забуна кај ниту еден мој колега во Собранието, а воедно и да дадам...

Голема тага во домот на балканската дива Карлеуша

Денеска се навршуваат две години од смртта на некогашната радио водителка Дивна Карлеуша. Нејзината ќерка, пејачката Јелена Карлеуша на својот Инстаграм порфил ја објави мајчината...

Љубчо Георгиевски кажува на кој јазик пишувал Гоце Делчев

„Гоце Делчев, Даме Груев, Пере Тошев, Ѓорче, Никола Карев биле учители на бугарската егзархија. Факт е дека ние тоа го криеме во македонската историја....

Протестен марш за денот на жената: ”Разбуди се МВР”, ”Разбуди се ОЈО”

Денес, повеќе невладини организации, со почеток во 15:00 часот започнаа протестен марш за поддршка на жените од ''Јавна соба''. Тие, исто така, протестираа и за...

Филипче пресече: Полицискиот час би важел две недели

Му посакуваме на Мицкоски побрзо да оздрави и да закрепне, и здрав и прав да дојде на конгресот и да даде отчет пред делегатите...
- Advertisement -