17.1 C
Skopje

Дали студентски организации се користат за политичка пропаганда?

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

United Group, сопственикот на Тотал ТВ, го презеде бугарскиот Vivacom

United Group, водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, во чиј состав во Македонија функционира Тотал ТВ, денес го објави завршувањето на...

После скандалозно видео каде млади користат студентска организација за пропагирање радикални левичарски идеи (Погрешно индоктринирана младина), се појавија и напади врз спортисти, политички партии како и десничари во целост.

Ова е класичен пример како се девалвираат институции и студентски организации со цел политичка пропаганда“ – велат студенти дел од политичката платформа Конзерватив МК. Студентското собрание мора да биде гласот на студентите, а не на партиите. Неговите  тела треба да бидат независни и непристрасни кон било која идеологија или партија, а не јавно да вршат напад врз спортисти, политички партии како ВМРО-ДПМНЕ и идеолошки и аналитички центри како Конзерватив (Conservative.mk).

Имено, едниот говорник на видеото јасно може да се види дека е припадник на политичката партија СДСМ, па оттука е легитимно да си го поставиме прашањето: Дали активисти на СДСМ свесно ја злоупотребуваат студентската организација со цел ширење на политичко влијание?

Цензура на слобода на говор: Погледнете како борците за „слобода на говор“ организирано цензурираат.

На сликата доле-десно, тој што им се заблагодарува за репортот е истиот дечко од видеото со радикална левичарска пропаганда. Борецот за „Слобода на говор“ МОЛИ да се пријави (репортне) тој што мисли различно од него. Ова ли е таа „борба“ за слобода на говор? Со цензура на другата страна?

После 3 години молк, конечно добивме студентско собрание. Процесот одеше бавно, но еве ги првите резултати на собранието. Имено, под покровителство на студентскиот медиум при УКИМ, се прикажува подкаст од страна на тројца припадници на „Студентската организација“ во кој се воспева радикална левичарската идеологија, се истакнуваат левичари, а се навредуваат и понижуваат врвни спортисти кои придонеле за успех на нашата земја.

Дали свесно се турка студентското собрание во тотална контрола од левицата? Дали истото треба да биде студентски тело и медиум за моменталната власт?

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -