fbpx
26.8 C
Skopje

Данев: Судот подлегна на притисоците

АКТУЕЛНО

Одлуката да се изрече притвор за три лица кои се предмет на политички прогон од страна на СЈО е срамна и без никаков издржан правен аргумент, рече на денешната прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Посочи дека одлуката е политичка, а не правна. – Медиумите под контрола на СДС ја најавија уште пред да биде официјално соопштена. Тоа доволно говори околу начинот на кој што работел судот. Со ваквите одлуки се става крај на правната држава и започнува нарачаниот политички прогон, истакна Данев.

Според него ваквата одлука има само една цел. – Таа цел е да се испрати пораки „или сите ќе клекнете на колена и нема да се борите за државните и национални интереси или ќе завршите во притвор“, „или ќе учествувате и ќе ги поддржите конструираните и политички монтирани обвиненија на СЈО или ќе завршите во притвор, рече Данев.

Истакна дека луѓето на кои денеска им беше одреден притвор изминатиот период ниту се обидоа да бегаат, ниту на некаков начин ја опструираа истрагата.

– Одлуките кои ги донесе судот се чиста политичка одмазда нарачана од СДС. Судиите кои одлучуваа можеби мислат дека Зоран Заев во моментов е семоќен и вечно ќе ја има поддршката да нарачува кој е следниот што треба да биде на отстрел, рече Данев.

Тој нагласи дека ништо не е вечно и оти ВМРО ДПМНЕ ќе се врати на власт, а незаконското работење и одлучување ќе биде предмет на ревизија.

– Подолг период предупредувавме и укажувавме дека судот не смее да потклекне на притисоците, да заборави на правните аргументи и да почне да одлучува политички. Дел од судиите го одбраа другиот пат. Оправдување за незаконското постапување нема и нема да има. Секој ќе сноси одговорност за сопствените одлуки, рече Данев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -