Паника од прв степен. Пропаганди на сите страни како таканаречената трета опција или новите и помали партии биле штетни, па одработувале за големите, биле некадарни, криминалци, шпиуни на други држави, накратко фрлен глас. Ахам а кој тоа го пропагира и шири таква пропаганда? Членови, активисти и профитери на сестринските партии СДСМ и ДПМНЕ.
Па добро бе имате ли малку срам? Имате ли трошка совест? 30 години владеат две партии и тоа се СДСМ и ДПМНЕ. Тие две партии ја уништија државата, тие две сестрински партии го поделија народот и го раскараа, тие го избркаа и осиромашуваат народот и сега истите тие две пуштаат свои профитери и нахранети членови да дескредитираат нова опција…Истите тие кои се добро ситуирани и имаат огромен интерес од сестринските партии ги убедуваат луѓето што е добро, а што лошо.
Да не беше смешно ќе беше трагично. Профитерите пуштени на најако! Оваа држава е Македонија и им припаѓа на сите кои живеат во неа , а не на вас ситните души и профитери! Ова парче земја не е само на ДПМНЕ и СДСМ за да си играат со судбините на луѓето. Доста кроевте листи кој да јаде леб и кој одработувале за партијата. Доста си играте со човечки животи!
Без вашата поддршка нема да ја имаат таа комоција и луксуз да ги полнат џебовите и моќта да си играат со нашите животи. Време е Курто и Мурто да добијат црвен картон!