fbpx
6.8 C
Skopje

Kajмakoски тврди дека заради ekс-сопругата зaвршил вo бoлницa

АКТУЕЛНО

Поранешниот евровизиски претставник, Даниел Кајмакоски, кој по потекло е од Струшко, тврди дека бил труен со наркотици, а истото го пријавил во полиција.

Вчера во 13,00 часот во Полициска станица Центар од Комплекс клиники „Мајка Тереза”, било пријавено дека кај нив бил примен Д.К.(38) од Струга, по чие што кажување додека бил во парк во Тетово, заедно со неговата поранешна сопруга (25-годишна жена), таа му дала кафе во кое што, според пријавеното, биле ставени нарkoтични средства.

Жената била повикана во Полициска станица Тетово при што ги негирала тврдењата на пријавителот и изјавила дека имале средба со Д.К. за да го види своето дете но воопшто не пиеле кафе.
Додека траела средбата, според нејзино кажување, на Д.К. му се слошило, а таа за настанот го известила и Центарот за социјални работи.
Известен бил Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот
Поранешната сопруга, Кристина, во изјава за порталот А1он кажала дека ,, Не би коментирала такви глупости”.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -