fbpx
5 C
Skopje

Датум за ЕУ – историска грешка на ЕУ

АКТУЕЛНО

Датум за влез во ЕУ-НЕМА!!! Ајде ќе се тешиме со ,,ќе влеземе во НАТО“, исто е, ама и не е исто. Место влез во заедница на цивилизирани, развиени држави, економски стабилни и развиени, што ќе значеше пат кон благосостојба на Македонија, ние се радуваме на влез во воен пакт што ќе ни ја гарантира безбедноста, независноста и територијалниот интегритет.

Гаранција-од кого? Гаранција-за што? Нели ги решивме сите отворени прашања со соседите со постигнатите договори. Нели јасно изјавивме дека немаме територијални претензии кон никого, а исто и они кон нас? Епа сега зошто ни се заштитници и чувари на мирот?

Се скараа позицијата и опозицијата кој бил поголем промотор на европската иднина на Македонија и кој повеќе не приближил кон европското семејство. А ни тие, ни тие-немаат аргументи-ПРО, само оние КОНТРА.

Сегашната опозиција кога беше позиција (не така далечно минато) се занимаваше со антиквизација на Македонија и барање на националните корени. Не враќаа во минатото, да не прашуваме многу за сегашноста и иднината. Поважни беа спомениците, отколку живите луѓе што масовно бегаа од оваа земја напатена.

Сегашната позиција пак, не стори ниту еден чекор кон ЕУ. Имаме отворени поглавја за реформи, како нужен услов за пристап кон ЕУ. НЕМАМЕ ниту една вистинска реформа, ниту една придобивка за населението. Само со шминкање на резултатите и претставување на розевата сегашност нема да влеземе во ЕУ. Европа гледа и го следи секој наш чекор. Европа не сака држава-членка која ќе и биде терет. Европа сака рамноправна држава, во која владеат демократијата и правото. А кај нас-НИШТО ОД ТОА!!!

Криминал, корупција, непотизам!!! Цветаат на секое ќоше, сите ги препознаваат и признаваат, но осуда никаде. Не дај боже, пресуда или казна за стореното. Кај нас урбана култура стана да си криминалец, без манири и воспитание, ама проевропски ориентиран. Сепак важно е што мислиш, нели? Делата друг ќе ги цени.

Епа, како што работевме со години наназад, така и сега имаме постигнувања. Не не одбиваат од ЕУ за сработеното, туку за несработеното. Најавувавме реформи и менување од корен, а единствено добивме меѓународни договори со соседите. Надворешната политика не му го менува квалитетот на животот на обичниот граѓанин. Потребно е многу повеќе.

Потребно е навистина да се менуваат работите на подобро. Да се зголеми животниот стандард на населението, да се покачи квалитетот на образованието, системот на правдата да почне да функционира рамноправно за сите. Мора Македонија да стане мајка за сите.

Се додека не дојде нова сила на нашата политичка сцена, која ќе може да им парира на двете закоренети партии ДПМНЕ и СДСМ, се додека исти луѓе, само под друг грб, менуваат место во Собранието, ништо не бидува ниту со Македонија, ниту со влез во ЕУ.

Патувај Европо, ама без нас! Не сме ти дораснати, ниту сега, ниту пак во април 2020. Без промена на јавната свест и БЕЗ ПРОМЕНА НА ИЗБОРНИОТ МОДЕЛ, идните избори ќе бидат само ново прерасподелување меѓу гигантите, а без било каква корист за МАКЕДОНИЈА!

Автор: Перица Спасовски, претседател на ГДУ-Куманово.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -